Topfield 5110 - Упатство за работа со дигитален ресивер.

Далечински управувач за дигитален приемник Topfield 5110

1. Го префрла приемникот од мирување во работен режим и обратно.

2. Вклучува/исклучува звук на приемникот.

3. Копчињата со бројки се користат за префрлање на саканиот канал, внесување нумерички вредности во менијата како и навигација по самото мени.

4. Префрла од моменталниот на последно бираниот канал претходно.

5. Покажува листа на омилени.

6. Влез во главното мени. Се користи и за враќање еден чекор наназад во самото мени.

7. Се користи за излез од менито, како и за исклучување на која било информација на каналот.

8. Го покажува електронскиот ТВ-водич на програмата.

9. Прикажува дополнителни информации за каналот.

10. Го покажува менито Актуелна и програма што следува. Се користи и за навигација во самото мени.

11. Го покажува менито Актуелна и програма што следува. Се користи и за навигација во самото мени.

12. Го покажува менито Актуелна и програма што следува. Се користи и за навигација во самото мени.

13. Префрла помеѓу радио и ТВ-канали.

14. Не се користи во овој модел.

15. Копчиња за зголемување и намалување на нивото на тонот.

16. Копчиња за менување канали.

17. Помошни копчиња, со различни функции во зависност од менито во кое се наоѓате.

18. Трите копчиња се користат за избор на јазик, режим на звук и видео, превод или телетекст на самиот канал, доколку го нуди.

19. Пауза на програмата.

20. Не се користи во овој модел.

21. Го пренасочува излезот на сигналот од ТВ-скарт на ВИДЕО-скарт.

22. Не се користи во овој модел.

23. Префрла помеѓу PAL и NTSC стандарди. Постои можност ова копче да не е активно за одредени модели.

24. Се нагодува време за исклучување на приемникот (тајмер) на интервал од 10 минути.

Забелешка: Кога го користите далечинското, држете го насочено кон предниот панел од дигиталниот приемник.
 

Таблица со фреквенции

Таблица со фреквенции:

Фреквенција/
Frequency ( MHz )

Фреквенција/
Frequency( KHz )

Фреквенција на симболите/
Simbol rate( kS/s)

Модулација /
Modulation

426

426000

6875

64 QAM

 

ТВ-водич (EPG)

ТВ Водич располага со 12 тематски листи, разделени по жанрови и категории (9 од нив гледате директно на EPG менито, другите три ќе ги видите откако ќе притиснете на „ОКврз категоријата „Други во основното EPG мени).

ТВ-водичот дава достап до дополнителни услуги и прилагодувања – радиоканали, родителска контрола, промена на визуeлни нагодувања и промена на јазик.

Кликнете на копчето „EPGна далечинското на дигиталниот приемник за да пристапите до менито „ТВ-водич“ (EPG).

Ќе го видите целиот тематски список, разделен по жанрови и копчиња во боја, кои служат за брз пристап до функциите на самиот приемник.

 

Пребарување тековни и содржини во најава

Сo оваа функција, според однапред дефиниран клучен збор, ќе имате можност да пребарувате низ програмскиот водич на каналите во програмската шема на blizoo.

За да пристапите во менито Барање на програми“, притиснете го црвеното копче од далечинското на дигиталниот приемник.

Во полето „Барање“ напишете го клучниот збор користејќи ја бројчаната тастатура од далечинското на дигиталниот приемник или виртуелната тастатура во менито.

Основни принципи на работа на пребарувачот

  • Пребарува според внесен збор (една или повеќе) и во описот на содржините (така наречените EPG содржини);
  • Внесете збор во полето за пребарување;
  • Постојат три начина на внесување:
    • Избор од последните 7 внесени зборови од Ваша страна при претходните пребарувања;
    • Преку таканаречената SMS-тастатура од далечинскиот управувач на приемникот;
    • Преку виртуелната тастатура, која се наоѓа во менито;
  • Пребарувањето започнува откако ќе притиснете на жолтото копче од далечинското на дигиталниот приемник;
  • Се пребарува присуството на клучниот збор истовремено во повеќе зборови;
  • Се пребарува и по зборови-синоними на клучниот збор (на пример: вести – news, новости);
  • Резултатот од пребарувањето овозможува гледање тековни и програми во најава.

 

Детали на менито Пребарување содржина

  • За да се префрлите во виртуелната тастатура и обратно, притиснете зелено копче од далечинското на дигиталниот приемник;
  • За да избришете една буква во полето за пребарување, притиснете црвено копче од далечинското на дигиталниот приемник;
  • За да стартувате пребарување по сличност на клучниот збор, притиснете жолто копче од далечинското на дигиталниот приемник;
  • За да излезете од моменталното мени, притиснете „MENU“ или копчето „Exit“ од далечинското на дигиталниот приемник;
  • За да го смените јазикот на тастатурата од македонски на англиски, и обратно, притиснете сино копче од далечинското на дигиталниот приемник.

 

Заклучување канал

1: За да пристапите во главното мени, притиснете „MENU“ од далечинското на дигиталниот приемник.

2: Изберете опција „Родителска контрола“ (Parental control) (за пристап можете да го искористите и копчето 7 или стрелката надолу) и потврдете со „ОК“ .

3: Изберете опција „Промена на ПИН“ (Change pin) и внесете го фабричкиот ПИН „0000“ и потоа новиот пин, оној што сакате да биде валиден. Потврдете со „ОК“ .

Дополнување: Ако сте го промениле ПИН-кодот по Ваша желба со друга комбинација на цифри, треба да го внесете него во полето „Фабрички ПИН“.

4: Со стрелката надолу изберете „Организирање канали“ и потврдете со „ОК“ .

5: Со стрелката надолу изберете „Заклучување канали“ (Lock channels) и потврдете со „ОК“ (ќе се визуелизира листа на канали):

  • Придвижете се со стрелките до каналот што сакате да го заклучите и притиснете „ОК“ ;
  • Врз секој заклучен канал ќе стои катанец.

6: Кога ќе завршите со изборот, излезете со копчето „Exit“.

Забелешка: За да гледате заклучен канал, треба да го внесете ПИН-кодот што сте го избрале претходно.

ВАЖНО: Доколку направите преинсталација на Вашиот приемник, прилагодувањата на родителската контрола ќе бидат избришани и ќе биде потребно да се нагодат повторно!

 

Отклучување канал

1: За да пристапите во главното мени, притиснете „MENU“ од далечинското на дигиталниот приемник.

2: Изберете опција „Нагодувања“ (Settings) и потврдете со „ОК“ .

3: Со стрелката надолу изберете „Организирање канали“ и потврдете со „ОК“.

4: Со стрелката надолу изберете „Заклучување канали“ (Lock channels) и потврдете со „ОК“ (ќе се визуелизира листа на канали):

  • Префрлете со стрелките на каналот што сакате да го отклучите и притиснете „ОК“ ;
  • Внесете го фабричкиот ПИН-код „0000“ и потврдете со „ОК“.
  • ВАЖНО: Доколку направите преинсталација на Вашиот приемник, прилагодувањата на родителската контрола ќе бидат избришани и ќе биде потребно да се нагодат повторно!

5: Откако ќе завршите со Вашиот избор, излезете од менито со копчето „Exit“.

2: Со стрелките од далечинското на дигиталниот приемник обележете го каналот што сакате да го избришете од листата и притиснете „ОК“;

3: Притиснете на копчето „Exit“ за да излезете од менито.

 

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања