ADB 2840 C - Упатство за работа со дигитален ресивер.

Барање на сегашна и програма што следува

Со помош на оваа функција, ќе имате можност за барање на програмата на сите канали од програмската шема на blizoo, според клучен збор што сами ќе го одредите.

  • Притиснете го копчето „TXT на далечинското од приемникот за да пристапите до менито „Барање програми“.
  • Во полето „Барање“, напишете го клучниот збор, користејќи ја нумеричката тастатура од далечинското или виртуелната тастатура во самото мени и притиснете го копчето „EPG“ ;

Основни принципи на работа на пребарувачот

  • Пребарува по зададени зборови (еден или повеќе) во описот на програмите (т.н. EPG описи);
  • Внесете збор во полето за пребарување;
  • Внесете зборови на три начина:
    • избор од последните 7 збора што сте ги користеле за пребарување;
    • преку таканаречената SMS-тастатура од далечинското;
    • Преку виртуелната тастатура во самото мени;
  • Пребарувањето започнува откако ќе притиснете жолто копче од далечинското;
  • Се бара истовремено секаде каде што постои клучниот збор;
  • Се пребаруваат и слични зборови на зададениот (на пример: вести – news, новости);
  • Резултатот од пребарувањето дозволува избор на содржини моментални или планирани.

Детали од менито за пребарување содржини

  • Притиснете зелено копче од далечинското за да се префрлите на виртуелната тастатура, и обратно;
  • Притиснете црвенo копче од далечинското за да избришете една буква од полето за пребарување;
  • Притиснете жолто копче од далечинското за да почнете со пребарување слични содржини;
  • Притиснете „Back од далечинското за да излезете достапното мени;
  • Притиснете сино копче од далечинското за да смените јазик на тастатурата од кирилица на латиница и обратно.
     

Детали за резултати од барањето

  • Резултатите од пребарувањето ќе ги видите во 5 колони:
    • име на содржината;
    • почеток на содржината;
    • продолжение на содржината (време);
    • жанр на содржината;
    • канал на кој се прикажува содржината;
  • ќе видите резултат од првите 40 пребарани содржини;
  • Притиснете „CH -од далечинското за да го преместите маркерот 8 позиции надолу во прикажаните резултати;
  • Притиснете „CH +од далечинското за да го преместите маркерот 8 позиции нагоре во прикажаните резултати;
  • Притиснете „BACKод далечинското за да излезете од моменталното мени;
  • Притиснете „INFO од далечинското за да добиете дополнителни информации за дадената содржина.

 

Заклучување канал

1: Притиснете „MENU“ на далечинското за да пристапите во главното мени.

2: Изберете ја опцијата „Родителска контрола“ (Parental control) (за пристап, можете да го искористите и копчето 7 или стрелката надолу) и потврдете со „ОК“.

3: Изберете ја опцијата „Промена на ПИН“ (Change pin) и внесете го фабричкиот ПИН-код „0000“,  потоа 2 пати внесете го новиот ПИН – оној што сакате да стане валиден. Потврдете со „ОК“.

Дополнување: Ако сте го промениле ПИН-кодот по Ваша желба со друга комбинација од цифри, треба да го внесете истиот во полето „Фабрички ПИН“.

4: Со стрелката надолу изберете „Организирање канали“ и потврдете со „ОК“.

5: Со стрелката надолу изберете „Заклучување канали“ (Lock channels) и потврдете со „ОК“ (ќе се визуелизира список со канали):

  • Придвижете се со стрелките до каналот што сакате да го заклучите и притиснете„ОК“;
  • Врз секој заклучен канал ќе се појави знак штиклирано.

6: Кога ќе завршите со изборот, излезете од менито со копчето „Exit“.

Забелешка: За да гледате заклучен канал, треба да го внесете ПИН-кодот што сте го избрале претходно.

ВАЖНО: Ако направите фабрички рестарт на Вашиот рисивер, нагодувањата за родителска контрола ќе бидат избришани и ќе мора повторно да се уредат!

 

Отклучување канал

1: Притиснете „MENU“ на далечинското за да пристапите во главното мени.

2: Изберете опција „Родителска контрола“ (Parental control) (за пристап можете да го искористите и копчето „7“ или стрелката надолу) и потврдете со „ОК“.

3: Со стрелката надолу изберете „Организирање канали“ и потврдете со „ОК“.

4: Со стрелката надолу изберете „Заклучување канали“ (Lock channels) и потврдете со „ОК“ (ќе се визуелизира листа на канали):

  • Придвижете се со стрелките до каналот што сакате да го отклучите и притиснете „ОК“;
  • Внесете фабрички ПИН-код „0000“ и потврдете со „ОК“.


Дополнување: Ако сте го промениле ПИН-кодот по Ваша желба со друга комбинација од цифри, треба да го внесете истиот во полето „Фабрички ПИН“.

ПИН-кодот ќе биде отстранет од сите заклучени канали.

5: Кога ќе завршите со Вашиот избор, излезете од менито со копчето „Exit“.
 

Промeна на формат на сликата, звук или преводи

Преминете на каналот на кој сакате да извршите промена и притиснете на „OPT на далечинското. Со помош на стрелките околу копчетo „ОК“ на далечинското, движете се низ категориите на менито.

  • Аудиоканали – можете да изберете помеѓу неколку аудиојазика во зависност од каналот. Доколку има само еден аудиојазик на каналот, менито е неактивно;
  • Преводи - можете да изберете во зависност од каналот. Доколку преводот е достапен само на еден јазик, менито е неактивно;
  • Формат на сликата - изберете го форматот на сликата, кој Ви одговара.

 

Ситуации за рестартирање на дигиталниот приемник

  • При првична инсталација на дигиталниот приемник.
  • При промена во програмската шема, или промена во фреквенции иницирана од blizoo.
  • При проблем со следните информации:
    • На дел или на сите канали пишуваа „Няма сигнал“ и телефон 089011011;
    • Кога менувате канали, излегува лента со информации за програмата, но е празна (недостасуваат информации).

 

Чекори за рестартирање

1: Одберете го копчето „MENU“ на далечинскиот управувач од дигиталниот приемник за да пристапите до главното мени.

2: Со стрелката надолу преместете на „Настройки“ (Settings) и потврдете со „ОК“.

3: Одново со стрелката надолу преместете на „Инсталирање“ (Installation) и потврдете со „ОК“.

4: Треба да внесете ПИН-код „0000“.

Појаснување: Ако го имате променето ПИН-кодот по ваша желба со друга комбинација од цифри, треба да го внесете истиот во полето „Фабрички ПИН“.

5: Со стрелка надолу изберете „Заводски настройки“ и потврдете со „ОК“

  • Преместете со стрелката надесно на „Да“ и потврдете со „ОК“;
  • Ви се јавува натпис „Моля, изчакайте...“.

6: Ќе видите таблица со внесени параметри за прилагодување на приемникот:

  • Проверете во таблицата дали се внесени правилните честота и честота на симболите. Истото можете да го направите со движење на стрелките нагоре и надолу;

Појаснување: Фреквенциите се дадени подолу.

  • Ако се различни, променете ги користејќи ги бројките од далечинското;
  • Проверете го нивото и квалитетот на сигналот.

Забелешка: Нивото на сигналот треба да е над 32%, а квалитетот да варира меѓу 90-99%. Ако е 0%, проверете дали коаксијалниот кабел е вклучен во ADB-приемникот во приклучокот„RF in“.

7: Со помош на стрелките изберете опција „Стартирайте търсенето“ и потврдете со „ОК“.

8: Почекајте рисиверот да заврши со пребарувањето по што автоматски ќе Ви се појави МТВ 1.

Забелешка: Ако поради некаква причина ја прекинете започнатата процедура, влезeте одново во менито и повторно прескенирајте.

ВАЖНО: Имајте предвид, враќањето на фабрички нагодувања на Вашиот приемник ги брише сите нагодувања како Родителски контроли, променети ПИН-кодови итн.

 

Внесување фреквенција и честота на симболи при прескенирање

1: Притиснете на копчето „MENU“ од далечинското за да пристапите кон главното мени;

2: Со стрелката надолу префрлете на „Настройки“ (Settings) и потврдете со „ОК“;

3: Одново со стрелката надолу префрлете на „Инсталирање“ (Installation) и потврдете со „ОК“. Внесете ПИН-код „0000“.

Појаснување: Ако сте го смениле ПИН-кодот по Ваша желба со друга комбинација од бројки, внесете го истиот.

4: Со стрелката надолу изберете „Фабрички поставувања“ потврдете со „ОК“:

  • Со стрелката настрана префрлете на „Да“ и потврдете со копчето „ОК“. Ќе Ви се појави натпис „Ве молам, почекајте“.

5: Внесете фреквенција 426 Mhz:

  • Kaj честота и честота на симболите ставете 64 QAM.
Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања