GOSPEL DVB-C HD 1822 и POWERBOX HD 1822 - Како да направам фабричко ресетирање на ресиверoт?

Фабричкиот рестарт на рисиверот е целосно автоматизиран процес, при што сите поставки се враќаат на фабрички преодредените параметри. Се прави на следниот начин:

Притиснете MENU при што ќе се појави главното мени на рисиверот:

  • Од самото мени со помош на стрелките од далечинското, се обележува полето „Систем“ и се одбира „фабрички поставки“, при што се потврдува со копчето „OK“:
  • Откако ќе побара инсталацијата „PIN“ се внесува 000000 (шест пати цифрата 0);
  • Ќе се појави прозорче со прашање дали сте сигурни дека сакате да направите фабрички ресет, се потврдува со „OK“;
  • Откако ќе заврши преинсталацијата, која трае околу 20-ина секунди, ќе се појави мени за избор на јазик при што се одбира саканиот јазик и се потврдува со „OK“ (прв на листата е македонски), по што веднаш се ажурира листата на канали и се префрла на МТВ 1;
Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања