Што означува услугата „Преглед на отворена фактура“?

Со оваа услуга, во секое време имате едноставен преглед на сите Ваши Vip постпејд сметки што не ви се платени. Сè што треба да направите, е да пратите SMS порака со каква било содржина (може да пратите и празна порака) на бесплатниот број 14500. Во повратна порака ќе добиете информации за сметките (вкупен број на отворени сметки, број на сметка, период, износ и вкупен износ) кои се однесуваат на претплатничкиот број или на претплатничките броеви (зависно колку броеви имате на заедничка сметка). Ова важи само за приватни корисници.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања