Дали може да го одберам мобилниот број што го сакам?

Ако сакате да одберете конкретен телефонски број за постпејд договор, тогаш:

1. Посетете некој од нашите продажни салони или продавници на нашите партнери за да проверите или, пак, за да изберете број заедно со претплата од изборот од листата на броеви што се на располагање (регуларен, сребрен или златен број).

2. Исто така може да се јавете и во Контакт центарот (0771234) за да проверите дали е слободен бројот што го сакате и да го резервирате.

 

 *Резервацијата на Вашиот телефонски број е бесплатна услуга.

 **Резервираниот број ќе биде достапен за активација на Ваше име за:

• 15 дена (физичко лице/приватен корисник)

• 30 дена (бизнис корисник)

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања