Како да направам Припејд надополнување на мојата сметка?

Доколку немаш кредит на твојата сметка, надополнувањето може да го направиш:

  1. Онлајн преку нашата веб услуга "надополни кредит" - Постапката за надополнување е едноставна, само следи ги чекорите што те водат низ процесот. 
  2. Vip e-ваучер преку нашите продажни места, Vip центри, партнерски продавници и трафики - Едноставно избери кој било износ помеѓу 100 и 5000 денари, и посети едно од продажните места кои овозможуваат надополнување со Vip е-ваучер.
  3. Со Vip хартиен ваучер - Ваучерите се достапниво различни вредности од 100, 200, 300, 500 и од 1.000 денари. 
  4. Преку банкоматите на Тутунска и на Стопанска банка - Сè што треба да направиш е да поседуваш картичка од која било банка, да ги следиш лесните чекори за надополнување на сметката што се наведени на следниот линк и да ја надополниш твојата Vip Припејд сметка со износ помеѓу 100 и 5.000 денари.
Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања