Како да ја проверам состојбата на мојата припејд сметка?

Состојбата на Вашата припејд сметка можете да ја проверите на повеќе начини:
 

1. Регистрација на услугата Mojot Vip - состојбата на Вашата припејд сметка е прикажана на почетната страна. (Важи само за Vip SIM картички)

 

2. Инсталација на мобилната апликација „Мојот Vip“ на Вашиот телефон - состојбата на Вашата припејд сметка е прикажана на почетната страна. (Важи само за Vip SIM картички)

 

3. Преку внесување на кодот *101# и притискање на слушалката за повик, со што добивате информација за моментната состојба и важност на Вашата припејд SIM картичка.

4. Повикување на бројот 1770. Изберете 1, по што ќе слушнете известување за моментната состојба на сметката и важноста на истата.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања