Како да направам онлајн нарачка?

Во чекорите подолу е опишан целосниот процес на онлајн нарачка преку нашиот веб-сајт.

  1. Изберете уред од нашата понуда – www.vip.mk/uredi, сите уреди кои можат да се нарачаат онлајн се означени со “кошничка” во соодветните тарифи. Имате опција да купите и само уред (без тарифен модел).
  2. На следниот чекор ќе бидете однесени на страница на која ќе треба да го потврдите Вашиот избор и да ги внесете Вашите податоци потребни за нарачката, договорот и слично. По испраќањето на податоците ќе добиете e-mail порака, со која ќе бидете известени дека нарачката е успешно испратена.
  3. Следниот чекор е проверка на нарачката од страна на агент на оне.Вип ДОО – тој ќе Ве контактира во најкус можен рок (телефонски), со цел за дополнителна потврда на нарачката - Откако Вие телефонски ќе ја потврдите нарачката – ќе Ви биде испратена e-mail порака, во која ќе бидат наведени производите и услугите што ги нарачувате, вкупната цена што треба да ја уплатите и линкот на кој треба да го извршите плаќањето.
  4. Наплата - Потребно да го отворите линкот и да ја завршите уплатата. Тоа  е овозможено во соработка со CASYS –  уплатата може да ја направите со Вашата картичка.
  5. Достава - По верификација на извршеното плаќање, продажниот агент е задолжен да ги изготви сите неопходни документи, купениот производ и да ја организира доставата.


Вашата нарачка ќе Ви биде доставена на адресата за достава, наведена во електронскиот формулар при нарачувањето. Доставувањето услуги и/или производи од онлајн продавницата на оне.Вип ДОО Скопје на која било адреса во Република Македонија е БЕСПЛАТНО.

Приемот на нарачките може да се изврши само од страна на наведеното лице за прием на нарачката, со покажување валиден документ за лична идентификација.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања