Не можам да отворам страници на интернет, но локалната врска е поврзана

  1. Исклучете го струјниот адаптер на модемот од струја, почекајте 5-10 секунди и повторно вклучете го во струја. Со ова ќе го ресетирате модемот.
  2. Почекајте неколку минути додека модемот се рестартира и се синхронизира Најчесто, кај сите модеми, се препознава дека се синхронизирани кога повеќето сјалички на модемот ќе светат. Важно е да се напомене дека сјаличката за интернет (најчесто именувана со ADSL) треба да свети. Потребното време за рестарт и синхронизација на Вашиот модем, прочитајте ги во деталното упатсво на дедицираниот модем.
  3. Обидете се да отворите неколку интернет-страници, со употреба на друг пребарувач.
  4. Доколку и ова не успее, рестартирајте го системот на Вашето РС или лаптоп доколку се работи за LAN мрежа или ресетирајте го системот на таблетот/лаптоп/играчка конзола доколку се работи за Wi-Fi мрежа.
  5. Обидете се да отворите неколку интернет-страници, со употреба на друг пребарувач.
  6. Доколку чекорите горе не го решат проблемот, јавете се во Контакт центарот на 077 1234 и побарајте техничка поддршка за дополнителни проверки.
Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања