Што да направам доколку нема дојдовни повици, но има излезни повици?

  • Проверете дали е намален звукот на ѕвонење на телефонскиот апарат откако ќе го најдете копчето за регулирање на нивото на звукот и преку него зголемете. Местоположбата на копчето зависи од моделот на телефонот.
  • Проверете дали телефонскиот кабел (кабел со RJ 11 конектор) е добро поврзан во влезот „Tel 1/ Phone 1“ на модемот и извадете го и повторно поврзете го.
  • Рестартирајте го модемот, со тоа што ќе го исклучите од струја на неколку секунди и повторно ќе го вклучите. Почекајте додека на модемот не се вклучи индикаторот „Tel 1 / Phone 1“ и не почне да свети постојано.
  • Рестартирајте го телефонскиот апарат, со тоа што ќе го исклучите од струја и повторно ќе го вклучите.

Важно: Направете го овој чекор само доколку телефонскиот апарат е поврзан со електричната мрежа, односно има потреба од електрично напојување.

  • Преместете го телефонскиот кабел (RJ11) во влезот „Tel 2 / Phone 2“ на модемот.
Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања