Што да направам доколку врската се прекинува во текот на разговорот?

Доколку врската Ви се прекинува во текот на разговорот, направете го следново:

  • Рестартирајте го модемот, со тоа што ќе го исклучите од струја на неколку секунди и повторно ќе го вклучите.
  • Почекајте додека на модемот не се вклучи индикаторот „Tel 1 / Phone 1“ и не почне да свети постојано.
  • Проверете дали телефонскиот кабел (кабел со RJ 11 конектор) некаде е прекинат и дали е добро поврзан во влезот „Tel 1 / Phone 1“ на модемот, извадете го и повторно поврзете го.
  • Доколку користите безжичен телефон проверете дали сте многу одалечени од базата на телефонот

Доколку чекорите горе не го решаваат проблемот, јавете се во Контакт центарот на 077 1234 и побарајте техничка помош.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања