Основни поими во фиксната телефонија

Кабел со RJ-11 конектор – Кабел што служи за поврзување на телефонскиот апарат со модемот.

Адаптер за струја – Уред што служи за напојување на телефонскиот апарат со електрична струја.

Режим на тонско бирање (Tone) – Во овој режим работат најголемиот број современи телефонски уреди – мобилни и DECT телефони. При притискање на копчињата од телефонската тастатура, во режим на тонско бирање, ќе чуете силен и пискав тон.

Режим на пулсно бирање (Pulse) – Овој режим е по стариот систем на работа и не се користи речиси никаде. При притискање на копчињата од телефонската тастатура, во режим на пулсно бирање, ќе чуете звук на тивко тропање.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања