Чекор 1
2
3

Плати сметка брзо и лесно

Платете ја Вашата сметка без најава на Мојот Vip, само внесете го бројот на фактурата што сакате да ја платите - сумата од фактурата автоматски ќе се вчита во полето за сума.

Бројот на фактурата може да го најдете во горниот десен агол од Вашата сметка, доколку сте приватен корисник и не го знаете бројот на фактурата што сакате да ја платите, пратете SMS со каква било содржина од Вашиот телефонски број на бесплатниот број 14500 и ќе добиете повратна порака со информации за бројот на фактурата, периодот што го опфаќа и за износот на фактурите што се однесуваат на Вашиот број.

Доколку сте бизнис-корисник или, пак, корисник на фиксен пакет и не го знаете бројот на Вашата фактура, јавете се во Контакт-центарот на 077 1234.

Потврда за Вашата уплата ќе добиете веднаш по плаќањето на внесената email адреса.

  • Во пошта
  • Во која било банка
  • Пополнете поле "Трансакциска сметка на налогопримач" со една од наведените сметки на Вашата фактура (NLB Банка 210-0706831002-12, Стопанска банка 200-0029212758-54, Комерцијална банка 300-0000038962-35 и Еуростандард банка 370-0012001476-60)
  • Пополнете поле "Повикување на број" со бројот на Вашата фактура
  • Во Vip центар
  • Во Vip партнерска продавница
  • Преку банкомат на Стопанска банка или банкомат на Тутунска банка – доколку плаќањето се изврши во работно време на платниот промет на банката, процесирањето ќе биде извршено следниот работен ден по 12 часот.

Дополнително, Vip Ви овозможува да бидете информирани за состојбата на Вашата сметка во секое време, на следните начини:

  • Јавете се на 077 1278 и следете ги инструкциите во постпејд-менито. Цената на повик е 5,9 ден. со вклучен ДДВ.
  • Испратете SMS порака, со содржина „SMETKA" на бројот 1278 и ќе добиете повратна информација. Цената на пораката е 5,9 ден со вклучен ДДВ.

Моменталната состојба е од информативен карактер и не вклучува месечни/еднократни надоместоци или трошоци направени во роаминг.

Со оваа услуга, Vip Ви нуди можност да добиете податоци за Вашите Vip Постпејд фактури брзо и едноставно. Сè што треба да направите е да пратите SMS порака со каква било содржина на бесплатниот број 14500. 

Во повратна порака ќе добиете информација за фактурите (број на фактури, период, износ и вкупен износ) кои се однесуваат на претплатничките броеви за кои добивате заедничка фактура со претплатничкиот број од кој е испратена SMS пораката.

На овој начин, Вие во секое време имате едноставен преглед на сите Vip Постпејд сметки што се водат на Ваше име.