Јиржи Дворјанчански, главен извршен директор

Ја започнува успешната кариера во сферата на телекомуникациите во 1999 г. како директор за продажба на „Т-Мобиле" во Република Чешка. Во 2002 г. станува извршен потпретседател на Одделот за маркетинг, останувајќи на таа позиција до 2008 г. Во 2009 г. е унапреден во Управниот одбор на „Т-Мобиле" - Германија, каде што работи на позицијата извршен потпретседател на Одделот за маркетинг до 2009 г.

Пред да стане дел од компанијата „Телефоника" во Република Чешка, работи како виш потпретседател на Одделот за меѓународна продажба, маркетинг и кориснички услуги на „Дојче телеком". Во август 2014 г. станува дел од тимот на „Випнет" како претседател на Управниот одбор на „Випнет" и член на Управниот одбор за маркетинг, продажба и кориснички услуги. Јиржи Дворјанчански е роден во 1969 г. во Карвине, Република Чешка. Дипломира на Чешкиот технички универзитет во Прага и на Институтот за технологија во Гренобл. Магистрира на програмата EMBA на Универзитетот Thunderbird во Прага.

Од 1 јуни 2015 е главен извршен директор и главен маркетинг-директор на новоформираниот кластер „Хрватска и Македонија" во рамките на Групацијата Телеком Австрија.

Мислав Галер, извршен директор

Мислав дипломира економија во 2006 година на Високата школа за бизнис и управување „Балтазар Адам Крчелиќ". Долгогодишната успешна кариера во продажба Мислав ја започнал во јануари 2003 година како советник за продажба во „Ауто Зубак" ДОО за брендот „Ауди" па во 2004 година преоѓа во „Пежо" - Хрватска на позицијата раководител на комерцијалниот сектор.

Во 2006 година преоѓа во „Меркур интернационал" ДОО на позиција менаџер за продажба на големо, во 2010 преминува во Групацијата Реве Хрватска каде што ја извршува функцијата главен извршен директор на „Бип", а потоа и член на Бордот на директори на Била ДОО. Во тимот на „Випнет", Мислав се придружи во февруари 2010 година на позицијата раководител на Одделот за продажба за бизнис-корисници, а во февруари 2015 година е именуван за директор на продажба за бизнис-корисници во „Випнет". За извршен директор на оне.Вип е именуван во октомври 2017 година.

Јоханес Кандера, главен финансиски директор

Јоханес Кандера е роден во 1970 г. во Амстетен, Австрија. Студирал на Универзитетот за економија во Виена. Јоханес Кандера доаѓа во „Мобилком Австрија" во 1999 г. како контролор на област, а во 2004 г. станува раководител на контролинг за маркетинг и продажба.

Во 2006 г. доаѓа на нова позиција во Србија во „Вип" како директор на контролинг каде што е дел од тимот одговорен за формирањето на Одделот за контролинг на „Вип". Во 2011 г. се враќа во Виена како директор за контролинг на Групацијата, одговорен за контрола на производите и стандардите на целата Групација.

Од 1 август 2015 г. е главен финансиски директор на кластерот „Хрватска и Македонија"

Ивана Марковиќ, Главен директор на одделот за приватни корисници

Ивана дипломира на Факултетот за економија и трговија во Италија и ја започнува кариерата во FMCG индустријата, по што ја продолжува својата успешна кариера во Телко секторот. Со нејзиното широко и долготрајно искуство на извршни менаџерски позиции во високоодговорни сектори, Ивана е одговорна за стратегиски развој, имајќи ги предвид постојните трендови на пазарот и идните перспективи, истовремено успешно менаџирајќи големи комерцијални тимови.

На позицијата директор за резиденцијална продажба, Ивана постигнува големи резултати во продажба на фиксни и мобилни услуги, менаџирајќи ја продажната мрежа, продажбата на принципот врата-до-врата и telesales.

Томислав Макар, Главен директор за техника

Томислав дипломира на Факултетот за електронско инженерство и компјутери при Универзитетот во Загреб. Тој е назначен за директор за развој на пристапни и транспортни мрежи во „Випнет" во 2011 година. Својата кариера ја започна во 2000 година како инженер за оптимизација и квалитет. Од 2008 до 2011 година, беше назначен за директор за мобилен пристап во „Випнет" и целата Групација Телеком Австрија.

Томислав ја има добиено наградата за иновативност што ја доделува ТАГ за најдобра технолошка иновација во 2009 и во 2010 година, како и наградата за иновативност на „Випнет" за најдобра технолошка иновација во 2005 г. Томислав е член на Institute of Electrical and Electronics Engineers (IEEE).

Иван Бартуловиќ, Главен директор за Човечки ресурси и Корпоративни комуникации

Пред неговото доаѓање во „Випнет", Иван доаѓа од позицијата директор на Човечки ресурси во компанијата „ЦЕМЕКС", глобален производител на градежни материјали. Покрај раководењето со Одделот за човечки ресурси, тој беше задолжен и за областите заштита на работно место, работнички права и корпоративна безбедност во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Србија.

Својата професионална кариера ја започнува во финансии, работејќи како личен банкар во SANPAOLO Bank (PBZ) во Хрватска, а во 2010 година станува најмлад член на глобалната менаџмент-група „ЦЕМЕКС", преземајќи го Одделот за управување на човечки ресурси во Хрватска. Иван има диплома за бизнис-економија од Економскиот факултет во Сплит, каде што и ги завршува своите мастер-студии во Финансиски менаџмент. Тој исто така поседува и MBA од школата за менаџмент во Лајпциг и EADA Бизнис школата во Шпанија.

Студиите ги продолжува на катедрата за Бизнис-администрација при Школата за бизнис на Харвард каде што се насочува во областа за управување со промени и деловна трансформација.

Иван Скендер, Главен директор за Бизнис Трансформација

Иван има повеќе од 15-годишно меѓународно искуство во телекомуникации и информатичка технологија во Централна и во Источна Европа. Пред да се приклучи на „Випнет", работел на различни раководни позиции во групацијата „Дојче телеком", последно како директор на маркетинг за B2B и Cloud/ICT сегментот на словачкиот пазар.

Иван го водеше развивањето на нови производи и услуги во Чешка и во Словачка, дигитализација на корисничкото искуство како и позиционирање на Словачкиот телеком како најголем понудувач на cloud-услуги на словачкиот пазар. Тој дипломира електротехника во 2001 година на Универзитетот во Загреб; дипломата MBA ја стекнал во 2006 година на IEDC – Школата за менаџмент во Блед, а дипломата по инженерство на Факултетот за електроинженерство и компјутери ја стекнал во Загреб.