Нова промоција на Vip наменета за целото семејство

07/09/2018

Скопје, 7 септември 2018г. –  Vip продолжува да го збогатува своето портфолио и ја објавува најновата промоција во Vip Combo тарифното портфолио овојпат создадена за комплетна комуникација и забава за целото семејство со единствена понуда на пазарот – подарок таблет,со што Vip уште еднаш ја потврдува својата заложба да креира производи со повеќе вредност за корисниците на мобилни и фиксни услуги.

“Најновата промоција која е достапна за сите нови и постоечки корисници е одговор на навиките на современото живеење и барањата на корисниците за неограничена и безгрижна комуникација за сите членови од семејството. Уверени сме дека корисниците ќе направат најдобар избор доколку активираат еден од пакетите од Vip Combo Neo, со што заедно со своите семејства ќе продолжат да уживаат не само во своите домови, туку каде и да се наоѓаат. Со оваа понуда, Vip обезбедува врвно корисничко искуство и дополнителна вредност на своите производи”, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Vip.

Со избор на Vip Combo Neo 4M корисниците добиваат целосно решение за комуникациските потреби на целото семејство:

  • интерактивна телевизија и можност да гледаат до 130 ТВ канали, 
  • неограничен интернет со брзина 50/3 Mbps, 
  • бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон фиксни мрежи, 
  • 2 мобилни линии Vip Neo M секоја со 10GB,
  • HBO Premium пакет 12 месеци вклучен во претплатата и
  • подарок таблет Alcatel Pixi 4 (7)

HBO Premium пакетот покрај услугите HBO GO и HBO on Demand, ги вклучува и телевизиските канали HBO, HBO2 и HBO3. Услугите HBO GO и HBO on Demand овозможуваат следење на најпопуларните HBO филмски содржини во било кое време, со HBO on Demand на ТВ уред, а со HBO GO било каде на мобилен уред.

Vip Combo Neo 4 вклучува и Vip Видеотека 3 месеци бесплатно како и Vip Now што на корисниците им овозможува да ги следат омилените телевизиски содржини на било кое место и преку било кој уред што го поседуваат.

Назад