Vip со подарок за сите корисници на ТВ и ТВ Lite услуги

24/10/2018

Скопје, 24 октомври 2018г. – Како компанија ориентирана кон обезбедување врвно корисничко искуство, следјќи го мотото “Повеќе за вас”, Vip подготви подарок за сите свои корисници на ТВ и ТВ Lite услугите со кој добиваат можност за уште повеќе забава која ќе трае и во следната година.  

Имено, почнувајќи од денеска па се до 31 јануари 2019г. сите постоечки и нови корисници на телевизиските услуги бесплатно го добиваат Pink пакетот со 27 телевизиски канали. Сите нови и постоечки корисници пак на ТВ Lite услугите добиваат подарок од  2 Pink ТВ канали.

Vip телевизиските пакети  нудат богат избор на разновидни телевизиски канали со кристална слика и содржина за сите вкусови - филмови, музика, забава, спорт и детска програма. Корисниците имаат можност да приклучат и повеќе ТВ приемници во својот дом, со што секој член од семејството може да ужива во својата омилена програма.

Vip TV Lite дигиталната телевизија ги вклучува најпопуларните македонски ТВ канали, кои безжично се пренесуваат со одличен квалитет на слика и звук секаде во Македонија. Во рамки на овие тарифни модели корисниците имаат можност да ги следат и македонските, национални и регионални, дигитални ТВ канали.

За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница www.vip.mk или јавете се на 077 1234.

Назад