Славиме 10 години Vip со најдоброто друштво од 1,2 милиони корисници.

Станете и Вие дел од најдоброто друштво, направете комбинација од мобилни и фиксни услуги во еден Vip Комбо пакет и добијте: телевизија со најмногу HD канали, супер брз интернет, фиксна и мобилна телефонија.

По повод роденденот, промотивно со Vip Комбо, HBO пакетот го добивате бесплатно цела година. HBO пакетот ги вклучува ТВ-каналите HBO, HBO2 и HBO3, каде што можете да ги гледате најпопуларните светски ТВ-серии и филмови. Vip Комбо корисниците на кабелска технологија, покрај во SD квалитет, HBO каналите ќе ги добијат и во HD квалитет. Понудата важи ограничен период за сите нови и постојни корисници што во промотивниот период ќе склучат договор на 24 месеци за која било Vip Комбо, Vip Комбо Lite и Vip Combo Box тарифа.

По истекот на првите 12 месеци, за HBO пакетот ќе започне да се наплаќа претплата од 249 денари месечно.

Бесплатна интерактивна телевизија

Со Vip Комбо нема да пропуштите ниту момент од Вашата омилена серија или филм затоа што добивате и бесплатна интерактивна телевизија.

Интерактивната телевизија Ви овозможува: паузирање, гледање емитувана ТВ-програма од почеток, снимање ТВ-програма во живо, информации за ТВ-програмата, гледање ТВ-програма до 50 канали, 7 дена наназад, родителска заштита.

Интерактивната телевизија е бесплатна за сите корисници што ќе склучат договор за Vip Комбо преку кабелска технологија. Постојните корисници на Vip Комбо може да ја активираат интерактивната телевизија доколку на локацијата постои техничка можност, на тој начин што ќе направат замена на постојниот рисивер со нов дигитален рисивер со еднократен надоместок од 1.999 денари или на 12 рати за 199 денари месечно.

За повеќе информации јавете се на 077 1234.