Интернетот не e само игра...
Кликај безбедно!

Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности, а во согласност со добропознатото мото на компанијата, „Повеќе за вас", Вип започнува со реализација на едукативна и иновативна програма под името „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...", наменета за најмладите.

Имено, од февруари па сè до крајот на учебната 2018 година, вработените на Вип преку интерактивни и интересни предавања приспособени на возраста и на образовната програма, ќе ги запознаваат учениците од IV одделение и ќе го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, и притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Во првиот бран активности што ќе се спроведува во периодот од февруари до јуни 2018 година, ќе опфати повеќе од 700 четвртоодделенци од 10 основни училишта на територијата на град Скопје.

Брошурата „Интернетот не e само игра. Кликај безбедно..." можете да ја погледнете  тука.