Кариера во one.Vip


Ние постојано бараме талентирани и енергични луѓе со позитивен став, кои се одлучни и решителни и кои сакаат да работат во динамична и меѓународна средина.

Доколку сакате да станете дел од тимот на оне.Вип, освен долунаведените вештини, треба да сте тимски играч со позитивен став, со високо ниво на интегритет и со умешност во обезбедувањето услуги за грижа за корисниците.

Доколку поседувате вештини и сакате да станете дел од тимот на оне.Вип, Ве молиме испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик пополнувајќи ја подолу формата за апликација.

Ве молиме наведете го секторот за кој аплицирате во полето „subject" на електронската пошта.

Технички сектор – Oracle, PL SQL, Java, TIBCO, управување со проекти, способност да се работи под притисок и да се запазуваат кратки рокови.

Финансиски сектор – аналитички вештини, познавања за финансиско анализирање и финансиски изводи, искуство во финансиско анализирање и известување, напредни вештини во Excel, искуство во SAP, способност да се работи под притисок и да се запазуваат кратки рокови.

Маркетинг, продажба и услуги за корисници – искуство во работа со корисници, одлични вештини за продажба, извонредни комуникациски способности, способност да се работи под притисок, посветеност на решавање на задачи, напредни вештини во Excel, возачка дозвола од Б категорија (за работни места во Деловна продажба).

Течното познавање англиски јазик (писмен и устен) е задолжително за сите работни места во оне.Вип, заедно со познавања и/или заинтересираност за комуникации.


Што Ви нудиме ние?

Работа во меѓународна средина

Ви нудиме средина во која се почитува и се наградува квалитетот, во која сите вработени се охрабруваат да ги развиваат своите таленти и интереси. Како член на Групацијата Телеком Австрија, на нашите вработени им нудиме можност да работат во меѓународна средина и да разменуваат знаења, искуства и најдобри практики со своите колеги во Групацијата.

Постојано напредување

Нашата компанија е посветена на постојано учење и развивање на своите вработени. Вработените се во центарот на нашиот динамичен бизнис и ние ја црпиме нашата конкурентна предност пред другите од вештините, способностите, флексибилноста и одговорноста на нашите вработени кон нашите клиенти. Затоа, на нашите вработени им даваме шанса за постојан раст и развој преку формални и неформални обуки, како и други алатки за напредување.


Аплицирајте и оставете го Вашето резиме доколку сакате да влезете во нашата база за потенцијални вработувања.
 

Internship

Publish end date:  2019-12-31


Department Name: Customer Service
City Skopje

Job Description

Our Contact Center is ready to welcome new members as Interns! Come and join us! Challenges are at every corner, flexible working time, bonus opportunity, fun guaranteed!
Are you an aspiring student looking for an opportunity to kick-start your career? Do you deliver exceptional customer service? If so, then we have an opportunity in our customer support department that will provide you with exceptional training, experience and will allow you to meet and network with other professionals throughout the company. As a Customer Service Intern, you will help maintain this reputation by providing excellent phone-based support to external customers that have issues or questions regarding our services.
Interested? Apply today!!!

Other job openings: