Политика за приватност на порталот за работни места

 

Доколку се регистрирате преку нашиот портал за работни места, ќе ги обработиме следните податоци за Вас доколку го вклучите ова во Вашата апликација:

Име, презиме, телефонски број, адреса на е-пошта, CV и други документи (кои доброволно ќе ги додадете)

Генерално ги бришеме Вашите податоци по шест месеци, освен ако не сте дале согласност да ги задржиме податоците во период од три години за да можеме да го споредиме Вашиот профил со понуди за работа во овој период.

 

Обработка на податоци од трети страни

Дури и да ангажираме договорен обработувач на податоци, ние ќе продолжиме да сносиме одговорност за приватноста на Вашите податоци. Договорните обработувачи на податоци надвор од Европската Унија ќе ги користиме само доколку има резолуција за адекватност од страна на Европската Унија или доколку се имаме договорено за соодветни гаранции или обврзувачки интерни правила за приватност на податоци со договорниот обработувач на податоци.

 

Обработка на Вашите податоци

  • Ги обработуваме Вашите гореспоменати податоци со цел да провериме дали се квалификувате за одредена позиција на нашиот портал за работни места и за да контактираме со Вас во врска со истото.
  • Со таа цел, исто така потребно е да ги препратиме Вашите лични податоци до друштвото кое го огласило отвореното место.

 

Можете да ги барате следните права во однос на обработката на Вашите податоци:

Право на информации: Можете да побарате потврда од нас во однос на тоа дали и до кој степен ги обработуваме Вашите податоци. За оваа намена, можете едноставно да не контактирате на human.resources@onevip.mk.

Право на корекција: Доколку ги обработиме Вашите лични податоци, и ако тие се нецелосни и неточни, можете да побарате – во секое време – да ги коригираме или да ги дополниме. За оваа цел, можете едноставно да не контактирате на human.resources@onevip.mk.

Право на бришење: Можете да побарате да ги избришеме Вашите лични податоци, доколку незаконски ги обработиме или доколку таквото обработување непропорционално го попречува Вашиот оправдан интерес за заштита. Внимавајте дека може да има причини кои се спротивни на непосредно бришење, на пр. во случај на статутарни обврски за задржување на документи. Од оваа причина, можете едноставно да не контактирате на human.resources@onevip.mk.

Право на ограничување на обработката: Имате право да побарате да го ограничиме обработувањето на Вашите податоци, доколку

  • Ја негирате точноста на податоците, ова е за таков временски период во кој можеме да ја верификуваме точноста на податоците.
  • Обработката на податоци е незаконска, но Вие сте против бришење и барате наместо тоа ограничување на употребата на податоците.
  • Повеќе не ни се потребни податоците за таа намена, но Вам сѐ уште Ви се потребни за да барате или одбраните некои тврдења, или
  • Сте поднеле приговор против обработката на податоци.  

Можете да го користите ова право од 25/05/2018.

За оваа намена, можете едноставно да не контактирате на human.resources@onevip.mk.

Право на преносливост на податоци: Можете да побарате податоците кои ни ги имате обезбедено да Ви бидат достапни на структуриран, тековен и машински читлив формат, доколку

  • Ги обработуваме таквите податоци врз основа на отповиклива согласност дадена од Ваша страна или заради извршување на договор помеѓу нас, и
  • Доколку наведеното обработување се врши со автоматизирани рутини.

Можете да го користите ова право од 25/05/2018.

За оваа намена, можете едноставно да не контактирате на human.resources@onevip.mk.

Право на приговор: Доколку ги обработиме Вашите податоци за да извршиме некои задачи кои се од јавен интерес, или да извршиме некое јавно овластување или доколку за време на обработката на податоците, ние се повикаме на потребата да го заштитиме нашиот оправдан интерес, Вие можете да поднесете приговор против таквата обработка на податоци, доколку постои доминантен интерес за заштита на Вашите податоци. Вие можете да се побарате да не Ви се испраќа понуда или рекламен материјал во кое било време, без да ги наведете причините за истото. За оваа цел, можете да не контактирате на human.resources@onevip.mk.

Право на жалба: Доколку сметате дека ние го прекршуваме австрискиот или европскиот Закон за приватност на податоци додека ги обработуваме Вашите податоци, ние љубезно Ве замолуваме да стапите во контакт со нас за да разјасниме доколку имате некои прашања. Исто така, Вие имате право да поднесете жалба до австриската агенција за приватност за податоци, и од 25.05.2018 до надзорното тело во рамките на ЕУ, исто така.

Утврдување на права:

Доколку сакате да утврдите некои од гореспоменатите правила vis-à-vis нашата компанија, Ве молиме едноставно да искористите некои од соодветно наведените опции за контакт.

 

Потврда на идентитет:

Доколку се сомневаме, ние може да побараме додатни информации за да го потврдиме Вашиот идентитет, како што е читлива копија од важечки документ за идентификација со фотографија и  потпис. Ова е со цел да се заштитат Вашите права и Вашата приватност.

 

Прекумерна употреба на права:

Доколку ги искористувате некои од гореспоменатите права на јасно неоправдан начин или премногу често, ние може да Ви наплатиме разумен манипулативен надомест или да одбиеме ја спроведеме Вашата апликација.

Со користење на услугата, ние потврдуваме дека Вие сте на законска возраст и имате право  да се согласите со овие Условите за користење за Вас, или доколку е применливо, во име на малолетно лице кое сака да ја користи оваа услуга.

 

Рок на важност:

Оваа Политика за приватност ќе важи од 09.05.2018.