Изберете Vip Комбо и нема да пропуштите ниту момент од Вашата омилена серија или филм затоа што сега добивате интерактивна телевизија бесплатно.

Со интерактивната телевизија паузирајте, гледајте програма од почеток, снимајте, секогаш имајте преглед на ТВ програмата и гледајте емитувана програма до 50 канали, 7 дена наназад.

Промотивно - Видеотека 3 месеци бесплатно!

Активирајте Vip Комбо во промотивниот период и добијте 3 месеци бесплатно користење на услугата Видеотека каде што ќе најдете Disney филмови и повеќе популарни ТВ серии. Промоцијата е достапна и за постоечките Vip Комбо кориснции кои ќе активираат интерактивна телевизија во промотивниот период. Редовната месечна претплата за услугата Видеотека изнесува 249 ден.

Интерактивната телевизија е достапна бесплатно за сите корисници кои ќе склучат договор за Vip Комбо.

Постоечките корисници на Vip Комбо, кои имаат техничка можност за интерактивна телевизија, може да ја активираат на тој начин што ќе направат замена на постоечкиот ресивер со нов дигитален ресивер со еднократен надомест од 1.999 ден. или на 12 рати за 199 ден./месечно.

Што Ви овозможуваат интерактивните функционалности при гледање телевизија?

Паузирање и гледање програма од почеток

Функцијата паузирање Ви овозможува да ја запрете програмата која ја гледате во моментот и да продолжите со гледање точно од моментот каде што сте застанале.

Доколку не сте успеале да ја гледате омилената програма од почеток, интерактивната телевизија Ви овозможува премотување наназад.

Снимање на програмата

Доколку не сте во можност да ја следите Вашата омилена ТВ програма во моментот на емитување, може да ја снимите и да ја гледате подоцна.

Снимената програма може да ја гледате 20 дена од денот на снимање, по што снимената содржина автоматски се брише.

Со интерактивната услуга бесплатно добивате 10 часа снимање на мрежа.

Доколку имате потреба од повеќе простор за снимање, во секој момент може да активирате дополнителни 10 часа снимање на мрежа за 249 ден./месечно. Со ова добивате вкупно 20 часа простор за снимање на мрежа кои се валидни сè додека се плаќа претплата.

Преглед на емитувана програма

Доколку не сте ја гледале ТВ емисијата што Ви се допаѓа, оваа функција Ви овозможува да гледате ТВ програма до 50 канали, 7 дена наназад!

Родителска заштита

Вие имате контрола на содржината што вашите деца ќе може да ја гледаат. Содржината што сметате дека е несоодветна за деца ќе може да ја заклучите со внесување ПИН.

Достапност на услугата

Услугата интерактивна телевизија е достапна во Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово и Велес, на локации каде што постои техничка можност.

Листата на канали за кои се овозможени интерактивните функционалности:
MRT 1 MRT 2 Sobraniski kanal Sitel Kanal 5 TV Nova
Alfa Telma Alsat M 24 Vesti Nasha TV TV Sonce
Sitel 3 Kanal 5+ TV 21 Tv Shenja Duck TV TV 1000
Film Box Plus Fight Channel Da Vinci Learning MTV Smash Hits Kerrang!
Kiss Magic Box Africa FTV RTL RTL 2
RTL Living RTL Kockica CMC Jugoton ELTA 2 RTRS
TV 1 Atlas TV Film Box Arthouse Pink Plus Pink Music Pink Extra
Pink 3 Info Pink Music 2 Pink Hits 1 Pink Hits 3 Pink Koncert Pink Folk
Pink Folk Pink Folk 2 Pink Parada Pink Film Pink Reality Pink Fashion
Pink World Pink & Roll Pink Kids Pink Zabava Bravo Music E! Entertainment

 

За повеќе информации јавете се во Контакт центарот на 077 1234.

Нарачајте Vip Комбо пакет што најмногу Ви одговара на бесплатниот број 0800 78 787 или направете онлајн нарачка.

Детални информации за начинот на користење на интерактивната услуга.