Како да го нагодам мојот Android телефон/таблет за интернет и ММС?

За да можете да користите мобилен интернет или ММЅ сервис, потребно е да се направат прилагодувања на Вашиот мобилен уред со Android оперативен систем. Кај некои уреди, тоа се прави Автоматски при вметнување на Vip SIM картичка, додека кај некои уреди подесувањата се прават рачно.

Погледнете го видео туторијалот "Автоматско и мануелно подесување на мобилен интернет и ММЅ услугите за Android уреди"

 

Автоматско подесување на мобилен интернет и ММЅ поставките*

Кај некои Android уреди, постои опцијата "Internet Settings", која доколку ја активирате, ќе ги преземе автоматски поставките за мобилен интернет и ММЅ.

  1. Прво, поврзете се на интернет преку Wi-Fi мрежата, за опцијата "Internet Settings" да може да ги преземе поставките.
  2. Потоа, одете во Settings – More
  3. Во долниот дел од менито, притиснете ја опцијата "Internet Settings". Системот ќе побара дозвола од Вас да се приклучи на интернет и да ги преземе поставките за мобилен интернет и ММЅ
  4. После притискањето "Accept", уредот, ќе ги преземе поставките.
  5. Потоа, притиснете "Mobile networks" – Access Point Names.
  6. Во делот "APNs" ќе се појават две опции од кој треба да ја одберете "Internet".

Со ова, Вашиот уред е спремен за користење на мобилен интернет и ММЅ услугите.

 

Рачно подесување на интернет поставките*

Доколку на Вашиот уред не постои опцијата "Internet settings" или не сте поврзани на Wi-Fi мрежа за да се направи автоматско подесување, тогаш е потребно, да направите рачно подесување.

  1. Одете во Settings – More – Mobile Networks – Access Point Names.
  2. Притиснете на симболот "+" во горниот десен агол.
  3. Ќе излезе листа која треба да ја пополните.
  4. Притиснете на "Name" и впишете " Vip Internet"
  5. Притиснете го полето "APN" и впишете "vipoperator".
  6. Притиснете го полето "Username" и впишете "vipoperator".
  7. Притиснете го полето "Password" и впишете "vipoperator".
  8. Другите полиња не е потребно да ги подесувате
  9. Во горниот десен агол притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата "Save" со што системот ќе ги сними подесувањата и ќе Ве врати во полето "APNs".

На истиот начин, потребно е да ги направите ММЅ подесувањата:

  1. Притиснете го повторно симболот "+" во горниот десен агол.
  2. Притиснете на "Name" и впишете "MMS"
  3. Притиснете на "APN" и впишете "vipoperator.mms"
  4. Притиснете на "Username" и впишете "vipoperator"
  5. Притиснете на "Password" и впишете "vipoperator"
  6. Притиснете на "MMSC" и впишете "http://mmsc.vipoperator.com.mk"
  7. Притиснете на "MMS proxy" и впишете "78.40.0.1"
  8. Притиснете на "MMS port" и впишете "8080"
  9. Другите полиња не е потребно да ги подесувате.
  10. Во горниот десен агол притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата "Save" со што системот ќе ги сними подесувањата и ќе Ве врати во полето "APNs". 

Со ова, Вашиот уред е спремен за користење на мобилен интернет и ММЅ услугите.

Подолу се дадени сите информации во табела заради подобар преглед. 

Vip APN - ИНТЕРНЕТ Vip APN - MMS
Name Vip internet Name VIP MMS
APN vipoperator APN vipoperator.mms
Username vipoperator Username vipoperator
Password vipoperator Password vipoperator
    MMSC mmsc.vipoperator.com.mk
    MMS Proxy 78.40.0.1
    MMS Port 8080