Правила за нарачки преку интернет


 оне.Вип ДОО Скопје

ПРАВИЛА ЗА НАРАЧКИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
на услуги и производи преку веб-страницата www.vip.mk


1. ВОВЕД

1.1. Предмет на овие Правила за нарачки преку интернет е утврдување на условите за нарачка, плаќање и достава на производи и/или услуги за користење на Vip тарифни модели преку веб-страницата - www.vip.mk.

1.2 Преку веб-страницата www.vip.mk може да се купат следниве услуги и производи:

  • Постпејд електронски комуникациски услуги за користење на Vip тарифен модел преку склучување нов претплатнички договор со Операторот или обнова на постоен договор, со набавка на терминален уред;
  • Пакети и СИМ картички за Припејд електронски комуникациски услуги за користење на Vip тарифен модел;
  • Мобилни телефони и друга терминална опрема (интернет-стикови итн.).

1.3 Постапка за купување услуги и производи преку веб-страницата www.vip.mk има право да иницира секое деловно способно физичко лице, државјанин на Република Македонија со постојано живеалиште на територијата на Република Македонија, како и овластените лица за застапување на правните лица со регистрирано седиште на територијата на Република Македонија, кои ги исполнуваат условите утврдени во Општите услови за пристап и користење јавни електронски комуникациски услуги за корисници на Vip тарифни модели објавени на веб страницата www.vip.mk (во понатамошниот текст: Купувач).

2. ПРОЦЕДУРА ЗА НАРАЧКА

2.1 За користење на услугата за купување услуги и/или производи Купувачот треба да пристапи на веб-страницата www.vip.mk од каде што пристапува кон секцијата КУПИ ОНЛАЈН, каде што ќе има можност да избере кои од услугите и производите од актуелната понуда Операторот има намера да ги купи. Цените на услугите и производите на Операторот се наведени на самата веб-страница од каде што се врши онлајн-нарачката.

2.2 По извршениот избор, Купувачот го потврдува изборот на услуги и производи што има намера да ги купи од Операторот и потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека ги прифаќа овие Правила за нарачки преку интернет.

2.3 По извршеното прифаќање на овие правила, Купувачот го пополнува електронскиот формулар во кој ги внесува своите лични и други податоци потребни за реализација на купувањето и тоа: име и презиме на Купувачот, ЕМБГ, град и општина, адреса на Купувачот, број на важечка лична карта или пасош и датум на важност, телефонски број за контакт и e-mail адреса на Купувачот.

2.4 Дополнително, Купувачот е должен да пополни и соодветен електронски формулар со информации за локацијата каде што треба да се изврши доставата на нарачаните услуги/производи, во кој Купувачот ја наведува адресата на која треба да бидат доставени купените производи.

2.5 Откако ќе ги пополни бараните информации и ќе ја потврди нивната точност и вистинитост, Купувачот добива e-mail нотификација на e-mail адресата определена од негова страна, со која се известува дека нарачката е успешно примена во Операторот.

2.6 По потврдувањето на приемот на нарачката, се врши анализа на примената нарачка од Купувачот и доколку се констатира постоење на некоја од пречките предвидени со Општите услови за пристап и користење јавни електронски комуникациски услуги за корисници на Vip тарифни модели објавени на веб страницата www.vip.mk , продажните агенти телефонски го контактираат Купувачот за да му ги објаснат причините зошто не може да се продолжи со процесирање на неговата нарачка и потребните дејства за отстранување на тие пречки. Доколку Купувачот ги отстрани тие пречки и сака да го реализира купувањето, потребно е да иницира нова нарачка.

2.7 Доколку примената нарачка е целосна и не се констатира постоење пречка за нејзина реализација согласно со точка 2.6 погоре, продажните агенти телефонски го контактираат Купувачот заради дополнителна потврда на нарачката.

2.8 Доколку нарачаниот производ го нема на резерва во моментот на прием на нарачката, на Купувачот ќе му биде понудено да избере некој друг соодветен производ од понудата на Операторот. Доколку Купувачот не избере друг заменски производ, нарачката ќе се смета за нецелосна и истата нема да се реализира.

3.ПРОЦЕДУРА ЗА ПЛАЌАЊЕ

3.1 По телефонската потврда на нарачката, на Купувачот му се испраќа e-mail порака во која се наведени сите производи и услуги нарачани од Купувачот и вкупната цена што треба да ја плати, како и линк до веб-страницата на процесинг-центарот преку кој се врши плаќањето по извршената нарачка. Истовремено, на Купувачот му се испраќа и уникатен код, кој ќе треба да биде внесен во системот за плаќање на CaSys, заради успешна реализација на плаќањето. Купувачот треба во рок од 48 часа да ја плати нарачката, во спротивно нарачката ќе се смета за откажана.

3.2 Плаќањето се врши со кредитни или со дебитни картички издадени од овластена банка, со исклучок на American Express i Diners картички, со кои не може да се изврши плаќањето.

3.3 По успешно реализирање на плаќањето, на Купувачот му се испраќа e-mail со потврда за извршено плаќање.

4. ПРОЦЕДУРА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ

4.1 По извршеното плаќање, Операторот ја подготвува пратката што треба да биде испорачана на Купувачот (која се состои од претплатничка документација што Купувачот треба да ја потпише, СИМ картичка и терминална опрема, доколку истата е нарачана) и ја предава на овластениот правен субјект за достава на пратката (понатаму - Доставувач). Доставата на пратката се врши на трошок на Операторот.

4.2 Доставувачот во рок од 2 работни дена од денот на извршеното плаќање, ќе го контактира Купувачот за утврдување на точниот датум и време на достава на пратката.

4.3 Доставата се врши на адресата што Купувачот ја навел во електронскиот формулар при креирање на нарачката. Доставувачот ќе ја изврши доставата на пратката најдоцна за 72 часа во Скопје и градовите низ Македонија. Роковите започнуваат да течат од моментот кога Доставувачот ќе стапи во контакт со Купувачот заради утврдување на точниот датум и време за достава.

4.4 Во моментот на вршење на испораката, Купувачот е должен да се легитимира пред Доставувачот за да го потврди својот идентитет преку овозможување увид во неговата исправа за лична идентификација (лична карта, пасош), чии податоци ги употребил при креирање на нарачката.

4.5 По успешната потврда на идентитетот на Купувачот, Доставувачот врши:

  • Предавање на потпис на соодветната претплатничка документација (доколку нарачаните услуги на мобилна телефонија подразбираат склучување или обнова на постојни претплатнички договор со Операторот). Еден оригинален примерок од претплатничката документација останува за Купувачот, додека другите два примерока Доставувачот ги враќа до Операторот;
  • Предавање на нарачаните производи: СИМ картичка, мобилен телефон или друга терминална опрема заедно со придружната документација за производот (гарантен лист, фактура за извршено плаќање), при што Купувачот треба да го потпише формуларот на Доставувачот за примопредавање на производот.

4.6 По извршената достава и потпишување на претплатничката документација од страна на Купувачот, Операторот ќе изврши активирање на услугите во рок од 1 работен ден од моментот на потпишување, кои се предмет на потпишаниот претплатнички договор помеѓу Операторот и Купувачот.

4.7 Ќе се смета дека процесот на достава на нарачката е неуспешен, доколку:

  • Доставувачот не успее да го исконтактира Купувачот во рок од 3 дена сметано од денот кога ја презел од Операторот пратката што е предмет на достава во смисла на точка 4.2 од овие Правила за нарачки преку интернет;
  • Доставувачот не го најде Купувачот на наведената адреса на договорениот датум и време за достава во смисла на точка 4.3 од овие Правила за нарачки преку интернет;
  • Купувачот не го потврди својот идентитет пред овластеното лице на Доставувачот во смисла на точка 4.4 од овие Правила за нарачки преку интернет;
  • Купувачот одбие да ја потпише во целост предметната документација што му е доставена за потпис, потребна за реализација на неговата нарачка во смисла на точка 4.5 од овие Правила за нарачки преку интернет.

При настапување на која било од погоре наведените околности,нарачката се смета за откажана од страна на Купувачот, после што на Купувачот му се враќа на сметка целокупниот износ што го платил за предметната нарачка во рок од 15 дена.

5. ПРАВНИ НАПОМЕНИ

5.1 Со прифаќање на овие Правила за нарачки преку интернет, Купувачот потврдува дека е запознаен и се согласува дека:

5.1.1 Операторот нема да сноси никаква одговорност за евентуалната штета што би ја претрпел Купувачот и/или трети лица како последица на несоодветно и/или неовластено користење на платежната картичка, или нејзина злоупотреба или неовластено користење од трето лице без знаење и согласност на сопственикот, ниту за штета што би можела да настане како резултат на прекин на интернет-врската во моментот на вршењето на онлајн-плаќањето преку процесинг-центарот.

5.1.2 Нарачката ќе се смета за потврдена кога Операторот ќе добие повратна информација од системот за плаќање на процесинг-центарот дека плаќањето е успешно извршено. Операторот нема да постапува по нарачката без потврда за претходно извршена уплата.

5.1.3 Купувачите што извршиле соодветна уплата на нарачката и добиле e-mail нотификација од страна на Операторот со потврда за успешно извршена уплата, а не ја добијат платената услуга/производ во наведениот рок, имаат право на поднесат приговор.

5.2 Операторот го задржува правото самостојно да одлучува кои од производите и услугите од своето продажно портфолио ќе ги понуди за онлајн-продажба преку веб-страницата www.vip.mk.

5.3 Операторот го задржува правото за измена на овие Правила за нарачки преку интернет на услуги и производи преку веб-страницата www.vip.mk во секое време без претходна најава.  Доколку дојде  до измена на овие Правила за нарачки преку интернет, истите ќе бидат јавно објавени и достапни за купувачите на веб-страницата www.vip.mk.