Зошто онлајн?
  • работно време - 24/7
  • сигурно плаќање со картичка
  • бесплатна и брза достава

Без разлика дали сте приватен или бизнис корисник, отсега, се што купувате, купувајте онлајн со што заштедувате време, ги избегнувате редиците и полесно ќе стигнете до она што го сакате.

Како може да нарачате?

Процедурата за нарачка е многу едноставна. Во чекорите подолу е опишан целосниот процес на онлајн нарачка преку нашиот веб-сајт.


Изберете уред од нашата понуда – www.vip.mk/uredi, сите уреди кои можат да се нарачаат онлајн се означени со "кошничка" во соодветните тарифи. Имате опција да купите и само уред (без тарифен модел).
На следниот чекор ќе бидете однесени на страница на која ќе треба да го потврдите Вашиот избор и да ги внесете Вашите податоци потребни за нарачката, договорот и слично. По испраќањето на податоците ќе добиете e-mail порака, со која ќе бидете известени дека нарачката е успешно испратена.

Следниот чекор е проверка на нарачката од страна на агент на оне.Вип ДОО – тој ќе Ве контактира во најкус можен рок (телефонски), со цел за дополнителна потврда на нарачката - Откако Вие телефонски ќе ја потврдите нарачката – ќе Ви биде испратена e-mail порака, во која ќе бидат наведени производите и услугите што ги нарачувате, вкупната цена што треба да ја уплатите и линкот на кој треба да го извршите плаќањето.

Потребно да го отворите линкот и да ја завршите уплатата. Тоа е овозможено во соработка со CASYS – уплатата може да ја направите со Вашата картичка.
По верификација на извршеното плаќање, продажниот агент е задолжен да ги изготви сите неопходни документи, купениот производ и да ја организира доставата.


Како можете да платите?

Линкот за плаќање на нарачката, ќе Ви биде доставен на Вашата електронска адреса. Плаќањето услуги и/или производи во онлајн продавницата на оне.Вип ДОО Скопје, може да се изврши само со платежна картичка. Плаќање е овозможено со сите картички од брендот на MasterCard и VISA како и картички издадени од домашни банки во Р. Македонија кои се користат за електронски плаќања: ТТК банка, Централна кооперативна банка и Стопанска банка А.Д. Битола.

Како ќе ми биде доставена нарачката?

Вашата нарачка ќе Ви биде доставена на адресата за достава, наведена во електронскиот формулар при нарачувањето. Доставувањето услуги и/или производи од онлајн продавницата на оне.Вип ДОО Скопје на која било адреса во Република Македонија е БЕСПЛАТНО.
Приемот на нарачките може да се изврши само од страна на наведеното лице за прием на нарачката, со покажување валиден документ за лична идентификација.