Кои документи ми се потребни за да бидам корисник на некој од фиксните пакети на Vip?

Документи потребни за приватни корисници

  1. Еден валиден документ за лична идентификација со слика - лична карта или пасош;
  2. Согласност за проверка на платежната способност (согласност за доставување извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје), документот го обезбедува продажниот салон: 

Документи потребни за деловни корисници

  1. Валиден печат од правниот субјект;
  2. Потписен картон на жиро - сметката на правното лице издаден од овластено лице во банката - депонент;
  3. Извод од банкарска сметка не постар од 30 дена;
  4. Лична карта или пасош од лицето што го потпишува договорот (законски застапник, вработен или трето лице, кое е овластено со нотарски заверено полномоштво) – на увид;
  5. Доказ за платежна способност издаден од банката-депонент (извештај за солвентност издаден од банката) – за барања за повеќе од 10 претплатнички линии;
  6. Бонитет, односно извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех потврдени од Централниот регистар на РМ, за барања за повеќе од 25 претплатнички линии;

Тука може да видите како да станете Vip Комбо корисник.

Was this answer helpful?

Related questions