Известување

06/06/2019

Вип ги известува своите корисници дека на 06.06. 2019г. поради проблем со напојување со електрична енергија, дојде до неочекуван прекин на фиксните услуги, интернет, фиксна телефонија и ТВ кај корисниците на DOCSIS технологија во градот Кочани. По интервенирање на професионалните екипи, проблемот беше успешно отстранет и услугите беа вратени во функција. Се извинуваме и Ви благодариме на разбирањето.

Back