Се грижиме за заедницата – Од почетокот на своето работење оне. Вип има јасна определба да вложува во заедницата каде што работи и живее. Бројните донации од компанијата и вработените на оне. Вип се доказ дека секој може да направи нешто повеќе, посебно за најмладите.
Донации на Vip:
- Проект Да ги заштитиме децата во сообраќајот
- Донација за домот за доенчиња и мали деца во Битола
- Донации на медицинска опрема за одделот за неонатологија при Универзитетската клиника за - гинекологија и акушерство
- Донација за болницата за белодробни заболувања Јасеново
- Донација на книги за училишни библиотеки
- Донација на играчки за деца со посебни потреби
- Донација на сензорна соба за децата со аутизам во ПОУ Златан Сремац
- Поставување на соларен полнач за мобилни телефони
- Донација на игралиште за СОС детско село
- Долгогодишна Соработка со Црвен Крст на Град Скопје и на РМ
- World Food and Hunger day
- Вработените во декмври 2016 донираа подароци за Домот за деца "11 Октомври" и за СОС Детското село
- По повод Денот на старите лица 2 октомври, вработените донираа за Домот за стари лица Мајка Тереза во Скопје. Го посетија Домот и се дружеа со старите лица
- Вип донирасе 1.000.000 денари за поплавените, во поплавата што го зафати Скопје 2016та, додека вработените донираа храна и производи за хигиена
- 50 вработени секоја година учествуваат во хуманитарниот ски куп Маврово, а средствата од котизацијата и аукцијата која се организира по завршување на настанот во Маврово се наменети за СОС Детското село.
- Дури 100 вработени учествуваа во Wizz Air Скопје маратонот, а средствата од котизацијата за трката 5 км се наменети за хуманитарни потреби.