Инфо за донации

Бидејќи се грижиме и им помагаме на оние на кои тоа им е најпотребно, заедно со нашите вработени, како компанија инициравме многубројни хуманитарни настани, некои од нив и непознати за пошироката јавност. Овие активности ни овозможуваат да им донесеме радост на најранливите и среќа на најмалите. Ние се грижиме за младите, за нашата животна средина и за благосостојбата на сите.


Информации за отворање број за донации во оне.Вип

За сите на кои им треба помош и поддршка од хумани луѓе, one.Vip нуди можност за отворање специјални броеви за донации, преку кои корисниците на услугите на Vip ќе можат да ја покажат својата хумана страна, со едноставна донација преку нивните мобилни телефони. На овој начин, one.Vip ја поттикнува хуманоста кај луѓето, првенствено со цел да им помогне на лицата на кои им е потребен оперативен зафат или лекување. Донацијата се врши преку телефонски повик од страна на корисниците на Vip, при што со секој повик се донираат 100 денари.

За отворање број за донации за физички лица, потребни се следните документи:

  • Пополнето писмено барање
  • VSD документ за физички лица
  • Потврда за медицинска дијагноза издадена од овластена установа
  • Упат за понатамошно лекување/операција во земјата/во странство
  • Писмо од медицинската установа за закажана операција/лекување
  • Копија од жиро/трансакциска сметка
  • Копија од лична карта
  • Доколку бројот за донации е наменет за малолетно лице, потребно е да се приложи копија од извод од матична книга на родени

Адреса за достава

Горенаведените документи треба да се достават по пошта или лично на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 1, 1000 Скопје, со назнака „Молба за отворање број за донации – за корпоративна комуникација".

Важни забелешки за барателите:

  • Техничките можности на броевите за донации се ограничени, а максималното времетраење на броевите за донации е три месеци. По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од one.Vip ќе Ве извести дали Вашата молба е прифатена.
  • Врз основа на прифатената молба, one.Vip ќе назначи и технички ќе одржува посебна линија за донации. На бројот за донации, преку повик што ќе чини 100 денари, можат да донираат само корисниците на Vip, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
  • Исплаќањето на собраните средства од корисниците на Vip се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
  • Целосната сума собрана од корисниците на Vip му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на one.Vip. Персоналниот данок се одбива од оваа сума.
  • Личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана во согласност со законските прописи.
  • one.Vip ќе ги објави доделените броеви за донации на веб-страницата на one.Vip. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.

За отворање број за донации за правни лица, потребни се следните документи:

  • Пополнето писмено барање
  • Опис на проектот за кој е наменет одделниот број за донации
  • Опис на правното лице, кратка биографија, остварени проекти и работни планови
  • Потврда од Централниот регистар не постара од 6 месеци
  • Друга документација со која се потврдува релевантноста на проектот

Важни забелешки за барателите:

  • Општествено одговорните организации (оние чии активности вклучуваат иницијативи за помош на ранливите социјални групи) имаат приоритет при отворањето број за донации.
  • Техничките можности на броевите за донации се ограничени, а максималното времетраење на броевите за донации за правни лица е една година. По доставувањето на комплетната потребна документација, овластено лице од one.Vip ќе Ве извести дали Вашата молба е прифатена.
  • Врз основа на прифатената молба, one.Vip ќе назначи и технички ќе одржува посебен број за донација. На посебниот број за донации, преку повик што ќе чини 100 МКД, можат да донираат само корисниците на Vip, а корисниците на другите мобилни оператори и фиксни мрежи нема да можат да се јават или да донираат на овие броеви.
  • Исплаќањето на собраните средства од корисниците на Vip се врши врз основа на потпишан Договор за донација.
  • Целосната сума собрана од корисниците на Vip му се исплаќа на барателот на донацијата од страна на one.Vip.
  • Личните податоци на барателот се користат исклучиво за оваа цел. Заштитата на личните податоци е гарантирана во согласност со законските прописи.
  • one.Vip ќе ги објави доделените броеви за донации на веб-страницата на one.Vip. Барателот е лично и финансиски одговорен за сите други канали на јавна комуникација.