Vip Corporate Access - Мобилен пристап до Вашата корпоративна мрежа

Услугата Vip Corporate Access е наменета за бизнис корисници на кои им е потребен безбеден мобилен пристап до сопствената корпоративнa мрежа. Без разлика каде и да сте, ќе можете да пристапите до своите податоци како што вообичаено пристапувате кога сте во Вашата канцеларија, од персонален компјутер, лаптоп или мобилен телефон.

Услугата Ви овозможува:

  • Мобилен пристап до Вашата корпоративна мрежа
  • Поголема ефикасност во работењето
  • Достапност до своите податоци и кога сте надвор од канцеларијата
  • Достапност на услугата насекаде низ Македонија

Високото ниво на безбедност се постигнува со комбинација на постоечки интернет стандарди и типови на сигурност кои се користат во GSM технологијата. Брзината на пренос на податоци зависи од типот на уредите од кои пристапувате и покриеноста на територијата со различни технологии.

дел од нашите клиенти