Vip Cloud Messaging - Апликација за масовно испраќање на SMS, Viber и е-мејл пораки

Vip Cloud Messaging е софтверско решение засновано на веб-платформа кое е наменето за правни лица, односно компании и институции кои имаaт потреба за масовно испраќање на SMS, Viber и е-мејл пораки.

Преку апликацијата Vip Cloud Messaging, на корисникот му се достапни следните пакети, односно модули за испраќање на пораки:

Модул за масовно испраќање на SMS пораки

Овој модул овозможува масовно испраќање на SMS-пораки од страна на корисникот за свои цели, во рамки на телекомуникациските оператори во Македонија.

Модул за масовно испраќање на пораки преку апликацијата Viber

Модулот за масовно испраќање пораки преку апликацијата Viber му овозможува на корисникот да праќа пораки до другите корисници на апликацијата Viber. При користење на овој модул, корисникот на услугата се обврзува да ги почитува Условите за користење кои ги пропишува Viber.

Модул за масовно испраќање на е-мејл пораки

Овој модул овозможува масовно испраќање на е-мејл пораки од страна на корисникот на услугата до е-мејл адреси добиени од крајните корисници.