Vip Cloud Firewall - Онлајн безбедност за Вашата компанија

Во глобалниот свет, сигурносните ризици како ransomware и crypto-malware не вршат дискриминација помеѓу мали и големи компании. Vip Ви нуди можност за намалување на потребата од едуцирање на сопствените вработени и намалување на потребата од капитални инвестиции во безбедносна опрема. Со тоа истовремено овозможува зголемување на ефикасноста на Вашите вработени (на пр. блокирање на достапноста на страниците за друштвени мрежи или Youtube).

Услугата Ви овозможува:

  • Значајно намалување на ризикот и штетата од cyber напад
  • Едноставно користење без потреба од познавање на информатички технологии
  • Оптимален сооднос на цената и квалитетот
  • Фокус на Вашата примарна дејност

Услугата Vip Cloud Firewall е нaпредно решение базирано на Checkpoint од нова генерација на firewall заштита (Next Generation Firewall) кој врши филтрирање на интернет сообраќај низ повеќе OSI слоеви (layer). Со цел да постигнете максимално ниво на заштита на Вашата инфраструктура и работни станици, се препорачува користење на Vip Cloud Firewall со антивирусно решение од нашата понуда.

Услугата Ви ги овозможува следните функционалности:

  • Web filtering
  • Антивирусна заштита
  • Контрола на апликации
  • Инспекција на SSL сообраќај

Vip Cloud Firewall е сместен во најсовремениот Vip дата центар и истиот преставува сигурносна бариера помеѓу Вашата мрежа и интернет.

дел од нашите клиенти