Vip Ethernet - Ваша приватна мрежа

Услугата Vip Ethernet овозможува податочно поврзување на оддалечените локации на Вашата компанија во Ethernet податочна мрежа. Новите локации можат на едноставен и брз начин да се додадат во постоечката податочна инфраструктура. Претплатата за услугата е во зависност од брзината на пристап. Реализираниот сообраќај не се наплаќа.
Vip врши надзор, односно ја контролира достапноста и безбедноста на Вашата приватна мрежа. Услугата вклучува наем и користење на соодветна терминална опрема на која на еден мрежен приклучок (LAN port) се испорачува договорената податочна врска.

Топологијата на поврзување може да биде:

  • Точка-до-точка (Point-to-Point, PTP)
  • Повеќе точки - до повеќе точки - (multipoint-to-multipoint, MPTMP)
  • Сите останати топологии
дел од нашите клиенти