ICT Office - Решение за мали и средни претпријатија кое ќе го олесни секојдневното работење

ICT Office нуди избор од три пакети со различни карактеристики и вклучува:

  • четири типа на мултифункциски машини (за печатење, копирање, скенирање)
  • софтвер за управување со документи и архива
  • софтвер за малопродажно работење
  • десктоп компјутер со компјутерска галaнтерија

Покрај овие составни делови на различните пакети во понудата има и баркод скенер, фиока за пари како и техничко обезбедување на малопродажен објект (софтвер со копче за алармирање – Panic Button).

Office Basic

Пакетот Office Basic вклучува софтвер за управување со документи и електронска архива усогласена со препораките за канцелариско работење и архивско работење, софтверот е задолжителен дел од пакетот. Дополнително со овој пакет можете да изнајмите и:

1) мултифункционален уред (принтер) за печатење, копирање, скенирање, црно бел А4 формат;

2) десктоп компјутер со лиценциран оперативен систем, монитор, глувче и тастатура.

Office +

Пакетот Office + вклучува софтвер за управување со документи и електронска архива, софтверот е задолжителен дел од пакетот. Со овој пакет, можете да изнајмите и дополнителна опрема согласно Вашите потреби:

1) неколку модели на мултифункционални уреди (принтери) за печатење, копирање, скенирање црно бели или колор со А4 или А3 формат на печатење;

2) наем на десктоп компјутер со лиценцирн оперативен систем, монитор, глувче и тастатура.

POS Pro

Пакетот POS Pro вклучува софтвер за управување на процеси во малопродажба како задолжителен дел од пакетот. Со овој пакет, можете да изнајмите и дополнителна опрема согласно Вашите потреби:

1) десктоп компјутер со лиценциран оперативен систем, монитор, глувче и тастатура;

2) техничко обезбедување на малопродажен објект (софтвер за алармирање со Panic Button функционалност);

3) мултифункционален уред (принтер) за печатење, копирање, скенирање, црно бел А4;

4) изнајмување на фиока за пари;

5) изнајмување на рачен баркод читач.

Софтверот е составен дел од секоја од понудите и е во согласност со препораките во законската регулатива, употребувајќи ги најновите техники и алатки за развој на кориснички софтвер согласно потребите на корисниците.

Функционалности на софтверот за малопродажба:

  • Печатење на фискална сметка / сторно сметка
  • Прием на стока од добавувачи ПЛТ
  • Преглед на лагер листа и магацинска картичка
  • Изработка на документи: попис, профактура, фактура и др.
  • Генерирање на повеќе извештаи поврзани со малопродажно работење
  • Дневен, контролен и финансиски извештај
  • Книга на дневни финансиски извештаи
  • Извештај по касиери и друго

Придобивки од изнајмување на мултифункционалните машини (за печатење, копирање, скенирање):

  • Сервис, тонер и резервни делови
  • Вклучен број на месечни копии (според дефиниран пакет)
  • Без грижа на корисникот за сервис и одржување на машина
  • Нема потреба од набавка и чување на потрошен материјал и делови
  • Предвидлив месечен оперативен трошок
  • Намалена потрошувачка на електрична енергија
  • Намалена емисија на CO2
  • Намалени трошоци
Опис на копмонента Тип на компонента Карактеристики на компонента Цена на месечна претплата (мкд без ДДВ) Пакет Office Basic Пакет Office + Пакет POS Pro
ULTIMA Records Management Basic Задолжителна 5GB простор 788,14    
Мултифункциски уред Ricoh тип 1 A4, црно/бела, до 25 страни во минута Опциона 2.000 црно бели копии;
Сервис;
Резервни делови;
754,24  
Десктоп компјутер Опциона i3;
4GB;
1TB HDD;
Win 10;
"19 монитор;
923,73
ULTIMA Records Management Standard Задолжителна 15GB простор 3.135,59    
Мултифункциски уред Ricoh тип 2 A4, црно/бела, до 30 страни во минута Опциона 2.000 црно бели копии;
Сервис;
Резервни делови;
1.940,68    
Mултифункциски уред Ricoh тип 3 A4, во боја Опциона 500 црно бели и 100 колор копии;
Сервис;
Резервни делови;
2.703,39    
Mултифункциски уред Ricoh тип 4 A3, во боја Опциона 1.000 црно бели и 200 колор копии;
Сервис;
Резервни делови;
4.228,81    
Ultima Retail POS Задолжителна Печатење на сметки;
сторно сметки;
дневен, контролен и периодичен извештај;
ПЛТ;
754,24    
Софтвер со Panic Button функционалност(Обезбедување на објект) Опциона Техничко обезбедување на објект 1.008,47    
Фиока за пари Опциона 41 x 41.5 x 11 cm. 161,02    
Баркод скенер Опциона 1D 184,44    

Ова ICT решение го нудиме во соработка со Дуна која e водечка македонска IT компанија повеќе од две децении и секојдневно ги движи своите клиенти низ бизнисот овозможувајќи им подобра колаборативна средина, унапредување на своите бизнис процеси, заштеда на трошоците, како и имплементација на модерни и современи решенија во своето секојдневно работење.