Exoscale e ICT-услуга што овозможува користење виртуелна Cloud инфраструктура. Оваа услуга ја нудиме во соработка со партнер на А1Телеком Австрија Групацијата.

Exoscale располага со четири дата-центри, кои се наоѓаат во Европа, и тоа два во Швајцарија, еден во Германија и еден во Австрија, кои ги исполнуваат сите европски и светски стандарди за работа во Cloud.

Типот на услугата е Инфраструктура како сервис (IaaS) и овозможува:

  • можност за Ваш избор на дата-центар со сервери на европска почва
  • висока достапност на услугата од 99,5%
  • наплата на услугата по искористеност во зависност од времето и од алоцираните ресурси
  • атрактивни цени

Exoscale нуди можност за креирање продукциска, тестна или развојна околина со инстанци (виртуелни машини) според Вашите потреби, додека конфигурацијата на инстанците е скалабилна.

Во рамките на услугата Exoscale, на Вашите инстанци можете да поставите веб-апликации, бази на податоци, да користите простор за чување податоци и слично.

Продуктното портфолио на Exoscale, меѓу другото, ги нуди следните продукти, односно услуги:

  • Скалабилни виртуелни машини со високи перформанси
  • Скалабилен и сигурен простор за чување податоци во Cloud (storage)
  • Моќни графички процесори (GPU servers)
  • DNS (Domain Name Servers) сервери
  • Runstatus – Алатка за мониторинг и известување за инциденти

Цените на услугата зависат од избраната конфигурација и од времето на нејзино користење и се наплаќа само времето кога инстанцата е активна.

Ценовник на дел од продуктите од Excoscale портфолиото (без вклучен 18% ДДВ):

Скалабилни виртуелни машини со високи перформанси

Ценовник на дел од продуктите од Excoscale портфолиото (без вклучен 18% ДДВ):

Стандардни инстанци:

Micro
5 EUR/месечно
512 MB RAM
1 CPU Core
Tiny
10 EUR/месечно
1 GB RAM
1 CPU Core
Small
19 EUR/месечно
2 GB RAM
2 CPU Cores
Medium
38 EUR/месечно
2 GB RAM
2 CPU Cores
Large
77 EUR/месечно
8 GB RAM
4 CPU Cores
Extra-Large
135 EUR/месечно
16 GB RAM
4 CPU Cores
Huge
251 EUR/месечно
32 GB RAM
8 CPU Cores

Големи инстанци:

Mega
502 EUR/месечно
64 GB RAM
12 CPU Cores
Titan
1.004 EUR/месечно
128 GB RAM
16 CPU Cores
Jumbo
1.470 EUR/месечно
225 GB RAM
24 CPU Cores

Скалабилен и сигурен простор за чување на податоци во Cloud (storage)

Волумен
0,01800 EUR / GB / месечно
Сообраќај надвор 0,0182 EUR / GB
Сообраќај внатре БЕСПЛАТНО

Моќни графички процесори (GPU servers)

Small
937 EUR/месечно
1 GPU
56 GB RAM
12 CPU Cores
Medium
1.355 EUR/месечно
2 GPU
90 GB RAM
16 CPU Cores
Large
1.810 EUR/месечно
3 GPU
120 GB RAM
24 CPU Cores
Huge
2.246 EUR/месечно
4 GPU
225 GB RAM
48 CPU Cores

DNS (Domain Name Servers) сервери

Small
1 Зона
1 EUR/месечно
Medium
10 Зони
5 EUR/месечно
Large
50 Зони
23 EUR/месечно

Искористените услуги се наплаќаат преку месечна фактура издадена од Vip при што сите надоместоци ќе бидат пресметани согласно со погоре наведените цени и ќе бидат наведени во фактурата во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на нејзиното изготвување.

Повеќе информации за Exoscale можете да најдете на www.exoscale.com

дел од нашите клиенти