Vip VPS - Виртуелен приватен сервер

Услугата Vip VPS овозможува користење на виртуелна инфраструктура како услуга (Infrastructure as a Service - IaaS), која ќе ги задоволи сите Ваши потреби од аспект на продукциска, тестна или развојна околина.

Услугата Ви овозможува:

  • Месечно плаќање за достапните ресурси
  • Enterprise тип на безбедносни услови
  • Флексибилни модели на зголемување и намалување на ресурси

Серверската инфраструктура во Вашата компанија претставува капитална инвестиција и побарува соодветни услови за работа и чување, а воедно има потреба од ангажман на ИТ лица. Со избор на услугата Vip VPS ќе се ослободите од рутинските работи поврзани со одржување на опремата, а Вие ќе бидете фокусирани на Вашата примарна дејност.

Во рамки на услугата Vip VPS можете да поставите:

  • Веб-страници и веб-продавници
  • Апликации и бази на податоци
  • Чување на податоци (Storage as a Service)

Со услугата Vip VPS, Вашите податоци се сместени во истиот дата центар како и инфраструктурната опрема на Vip и подлежат на исти сигурносни правила.

Наплатата за услугата е од моментот на активирање на услугата, до моментот на деактивирање на услугата.

Vip VPS основни пакети S M
Процесор (CPU) 1 процесор 2 процесори
Меморија (RAM) 2 GB 4 GB
Простор на диск (HDD) 20 GB 50 GB
Брзина на пристап 2 Mbps 4 Mbps
IP Адреса 1 1
Број на инсталациии на оперативен систем/годишно со лиценца обезбедена од корисникот 2 2
Број на backup и реставрација на корисничките податоци/годишно, на барање на корисникот 2 2
Месечна претплата 2.099 ден. 3.899 ден.

Vip VPS пакетите се достапни со склучување договор на 24 месеци.

Дополнителни пакети за активација на барање на корисник

Основните VPS пакети можете да ги дополните со фиксни и флексибилни дополнителни ресурси според потребите на Вашата компанија.

Фиксни дополнителни ресурси Единица Месечна претплата
Процесор (CPU) 1 процесор 1.199 ден.
Меморија (RAM) 1 GB 199 ден.
Простор на диск (HDD) 10 GB 59 ден.
Брзина на пристап 1 Mbps 399 ден.

Додавањето на фиксни ресурси се реализира од страна на Vip, на барање на корисникот.

дел од нашите клиенти