LG Nexus 4
Nexus 4 е новиот смарт-телефон на Google и го содржи најдоброто од Google - напреден хардвер, сите Ваши омилени Google Apps, како и најновата верзија на Android – 4.2 Jelly Bean!
Кристално јасен 4.7" дисплеј
Дисплејот на LG Nexus 4 едноставно блеска! Кристално јасните фотографии и видеа оживуваат пред Вашите очи на1280-768, 320ppi True HD IPS+ дисплејот. Вашите прсти со леснотија се движат по 4,7-инчниот екран, а со Zerogap Touch технологијата имате чувство дека ги допирате сите пиксели. Екранот е дополнително заштитен со Corning® Gorilla® Glass 2, кој е отпорен на гребење.
Создаден за брзи реакции!
Опремен со напредниот Qualcomm Snapdragon™ S4 Pro чипсет и 2GB RAM, LG Nexus 4 е најдинамичниот LG смарт-телефон досега. Без разлика дали пребарувате онлајн или уживајте во богатата 3D графика, вие лесно отворате повеќе апликации – одеднаш!
Камера, акција!
8MP Photo Sphere камера
Сликајте и снимајте сè, насекаде околу Вас и тоа со камера каква што не сте виделе досега! Со LG Nexus 4 снимате HD видеа во 1080p резолуција и веднаш ги споделувате Вашите Full HD клипови со сите. Со функцијата Photo Sphere фотографирате во секоја насока, потоа ги спојувате сите делови и добивате импресивна панорамска фотографија. Додајте ги Вашите панорами на Google Maps и нив ќе ги види целиот свет!
Дознајте – сега!
Со Google Now информацијата ја добивате во вистинско време! Вашиот LG Nexus 4 Ве информира каков е сообраќајот пред да заминете на работа или точниот час кога ќе пристигне возот што го чекате. Со најновата верзија на Google Now ќе бидете уште поорганизирани – ќе знаете кога точно Ви е следниот авионски лет, дали имате резервации во ресторан или хотел – сè Ви е тука, во вистинското време и на вистинското место!
Навигација низ Вашиот свет
Брзо и лесно пристигнете на местата кои Ви се допаѓаат со помош на Google Maps. Со GPS навигација која доаѓа со инструкции, информации за сообраќајот во живо, интегрирано возење, линии на јавен сообраќај и пешачки патеки - пристигнувањето од точка А до точка Б никогаш не било полесно.
Пребарувајте ресторани или бизниси во Ваша близина. Најдете препораки од луѓето во Вашиот круг или од експерти, и читајте рецензии и кратки прегледи од Zagat уредници.
3D мапите и раскошниот сателитски приказ овозможуваат пореалистично да ја доживеете околината околу Вас, а благодарение на функциите како што се Street View и Indoor Maps, секогаш знаете што се наоѓа пред Вас.
Откријте нови игри на Google Play
Гејмингот е важен аспект при дизајнирањето на Nexus 4. Со екран кој неверојатно брзо реагира на допир, брзиот quad-core процесор и сензорите како што се жироскоп и акцелерометар, може да остварите супер гејминг резултати и да пронајдете повеќе од 675.000 апликации и игри кои се достапни на Google Play.
Вашата музика на Google Play
Со Nexus 4, понесете ја Вашата музика насекаде со Вас. Пребарувајте меѓу милионите песни кои се достапни за купување или прикачете ја Вашата музичка библиотека на Google Play (до 20.000 песни бесплатно) и пуштајте ги сите Ваши песни и плејлисти од облакот - така никогаш нема да пропуштите ниеден ритам од Вашата музика.
Мојот Vip