Мојот Vip

Vip он-лајн сметка


Услугата Vip онлајн сметка Ви овозможува и постојан увид во Вашите детални сметки – тековни и минати. Сe што треба да направите е да се регистрирате на www.vip.mk/еbill.

Најчесто поставувани прашања


Услугата Vip он-лајн сметка е достапна за сите Vip претплатници, овозможувајќи Ви преглед на Вашата сметка на веб страницата www.vip.mk/ebill.

Пристап до Вашата Vip он-лајн сметка можете да остварите:
  1. Со креирање корисничко име и лозинка на следниов линк: www.vip.mk/ebill. На овој начин, можете да пристапувате до Вашата Vip он-лајн сметка секојпат со корисничкото име и лозинката.
  2. Со Вашиот MSISDN и безбедносен код на www.vip.mk/ebill, во секое време можете да пристапите до Vip
    он-лајн сметката само за Вашиот број.
Со Vip он-лајн сметката добивате можност за:
  • Преглед на издадените сметки за последните 12 месеци и детален преглед на повиците во текот на минатите 6 месеци.
  • Преглед на моменталната потрошувачка и преглед на повиците за тековниот период за наплата.
  • Плаќање на сметките он-лајн.
  • Увид во Вашата фактура веднаш по нејзиното изготвување.
Како да креирам корисничко име за Vip он-лајн сметка

Приватни и бизнис корисници
Платежно одговорното лице креира корисничко име на следнава адреса: www.vip.mk/ebill на линкот "Нов корисник". Потребeн Ви е телефонот и едноставно да ги следите инструкциите во 4 чекори. Откако ќе се креираат корисничкото име и лозинка, се врши регистрација за Vip он-лајн сметка. Понатаму, секој пат кога ќе сакате да пристапите до Вашата Vip он-лајн сметка, ќе ги користите корисничкото име и лозинка, кои ќе му бидат познати само на лицето кои ги креира и кои секојпат ќе се користат за пристап до Vip он-лајн сметката. Ве советуваме овие информации да ги чувате безбедни за да спречите злоупотреба. Откако платежно одговорното лице ќе пристапи до Vip он-лајн сметката, може да администрира права на други корисници за тоа што можат да гледаат од целата сметка.

За корисници на одредени бизнис тарифи, потребно е да се потпише "Барање за доделување администраторски привилегии за он-лајн сметка" на продажно место или да се испрати службен допис (меморандум со печат, целосно име и презиме на овластено лице и потпис од овластеното лице) на бројот 0771235 со Барање за услуга: Vip он-лајн сметка. Во барањето потребно е да се наведат: Претплатничкиот број за кој треба да се доделат привилегии, претходно креирано корисничко име за доделување на администраторски пристап до он-лајн сметката, телефонски број за контакт . Доколку барањето го потпшува претставник на фирма, задолжително се приложува авторизација заверена на нотар (полномошно).

 

Прикажи ги сите

  1. Што е Vip он-лајн сметка?

    Vip он-лајн сметка претставува начин за поголема контрола над услугите што ги користите и начинот на кој ги користите, како и увид во сите Ваши трошоци во секое време.

  2. Што е сė достапно преку оваа услуга?
    • Преглед на издадените сметки за последните 12 месеци и детален преглед на повиците за последните 6 месеци
    • Моментална потрошувачка и преглед на повици за тековниот период за наплата
    • Плаќање на сметките он-лајн.
  3. Дали бизнис корисниците можат да ја користат оваа услуга?

    Да, услугата е достапна и за бизнис корисниците. За повеќе информации за активирање на услугата за бизнис корисниците, јавете се на 0771234 или испратете мејл до kontakt@vipoperator.mk.

  4. Зошто ми е потребна лозинката од договорот при креирање корисничко име и лозинка?

    Оваа лозинка е потребна за да се изврши верификација при креирање на корисничкото име.

  5. Што ако не сум платежно одговорно лице? Што добивам со Vip он-лајн сметката?

    Во тој случај, можете да креирате корисничко име и лозинка и да побарате од платежно одговорното лице да ви додели права за гледање на одреден кориснички број. Доколку не сакате да ја користите он-лајн сметката редовно, можете во секое време да пристапите до деталните информации за Вашиот број преку привремено логирање на истата адреса.

  6. Каде се пристапува до Vip он-лајн сметката?

    Vip он-лајн сметката се наоѓа на следнава адреса www.vip.mk/ebill.

  7. За колку месеци наназад корисникот има преглед на сметките?

    Со Vip он-лајн сметката, корисниците имаат преглед на издадените сметки од последните 12 месеци, како и детален преглед (увид) во сметките од последните 6 месеци.

  8. Со колкаво доцнење се прикажуваат настаните во моменталната (нефактурирана) состојба?

    Направениот сообраќај се прикажува со задоцнување до 1 ден, со исклучок на роамингот, кој може да се појави со поголемо задоцнување.

  9. Доколку не ми пристигнува детална сметка, дали на Vip он-лајн сметката ќе можам да видам детален преглед?

    Да, Vip он-лајн сметката секогаш дава детален преглед на направениот сообраќај за издадените сметки од последните 6 месеци.

  10. Како да активирам детална сметка на мојата Vip он-лајн сметка?

    Со Vip он-лајн сметката, автоматски имате детален преглед на сообраќајот во тековниот и минатите 6 месеци.

  11. Колку чини Vip он-лајн сметката?

    Услугата он-лајн сметка е бесплатна.

  12. Колку е безбедна Vip он-лајн сметката?

    Vip он-лајн сметката има неколку нивоа на заштита. Сите корисници на он-лајн сметка прво се автентизираат со телефонскиот број и корисничка лозинка (дефинирана при потпишување на договорот) при креирање на корисничко име и лозинка за пристап до он-лајн сметката. Преносот на информации се врши користејќи сигурносeн SSL протокол со цел да се осигура дека информациите не можат да се надгледуваат од трета страна.

  13. Што се случува со мојата Vip он-лајн сметка доколку линијата ми е суспендирана?

    Vip он-лајн сметката е сė уште достапна доколку пристапите со претходно креирано корисничко име. Привременото логирање е недостапно во случај да сте суспендирани.

  14. Можам ли да ја добијам мојата Vip он-лајн сметка на мејл?

    Од безбедносни причини, Vip он-лајн сметката не се испраќа на мејл.

  15. Зошто моите сметки не можам да ги отворам во PDF формат?

    За да можете да ги отворите Вашите сметки во PDF формат, треба да имате Adobe Acrobat Reader. Доколку имате проблеми при презентацијата на Вашата сметка во овој формат, можете да ја преземете најновата верзија на Adobe Acrobat Reader преку линк во он-лајн сметката.

  16. Можам ли да ја отворам мојата сметка со други програми?

    Вашите сметките можете да ги отворите како CSV или текст-документ.

  17. Кои права можам да ги доделам преку Vip он-лајн сметката?

    Правата можат да се доделат на неколку нивоа:

    • ниво на договор (податоци/телефонски броеви за едно платежно одговорно лице)
    • ниво на претплатнички број (податоци во рамките на една сметка)
    • ниво на трошковен центар (податоци врзани со соодветниот трошковен центар)
    • ниво на телефонски број (податоци само за еден телефонски број).

    Дополнително, на овие нивоа можат да се доделат следниве ограничувања:

    • целосен пристап - преглед на детална сметка и можност за администрирање на права
    • детална сметка - сметка и спецификација на сообраќај, без можност за администрација
    • основна сметка - само сметка без дополнителни привилегии.
  18. Можам ли да доделам права за мојата Vip он-лајн сметка и на други кориснички имиња?

    Да, може. Во делот "Привилегии" може да се администрираат права на други корисници за пристап до Вашата Vip он-лајн сметка (пр. членови на фамилија, соработници.).

  19. Дали е осигурано дека неавторизирана личност нема да има пристап до мојата Vip он-лајн сметка?

    Да, тоа е осигурано со следниов процес: корисникот којшто треба да добие одреден пристап до Вашата сметка прво треба да добие Ваша покана преку самата он-лајн сметка (сите корисници се регистрирани со име и презиме). Поканата треба да биде прифатена, при што Вие добивате нотификација дека таа е прифатена од корисникот и активирана откако Вие повторно ќе го потврдите пристапот за тој корисник.

  20. Дали мојата Vip он-лајн сметка се смета за валидна при пресметка на ДДВ?

    Не. Само хартиената сметка, сметката што ја добивате по пошта, се смета за валидна при пресметка на ДДВ.

  21. Како можам да добијам копија од мојата сметка, доколку користам Vip он-лајн сметка?

    Во самата Vip он-лајн сметка, отворете ја бараната фактура во PDF формат и сочувајте ја на Вашиот компјутер. Можете да ја чувате на самиот компјутер, надворешна меморија или да ја испечатите.

  22. Дали можам да добијам и обична сметка, покрај тоа што сум регистриран за он-лајн сметка?

    Да, сите корисници на Vip добиваат и хартиена сметка, без разлика дали се рeгистрирани на Vip он-лајн сметката.