• Следи нè на:
  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube

Ракометна Федерација на Македонија

Vip оператор како официјален партнер на Македонската Ракометна Федерација, продоложува со поддршката на македонскиот ракомет и во претстојните предизвици на женската ракометна репрезентација. Во насока на обезбедување што поголема поддршка за нашите ракометарки, Vip оператор доделува бесплатни билети за натпреварот од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се оддржи во декември 2010 во Данска и Норвешка.

 

Натпреварот од квалификациите на македонската женска репрезентација со селекцијата на Хрватска, се игра на домашен терен на 31 март (среда), во Спортско Рекреативниот Центар Кале, со почеток во 17.45 часот.

За сите верни навивачи и поддржувачи на македонскиот ракомет, Vip оператор доделува бесплатни билети за овој важен натпревар. Во текот на ракометниот Happy Hour, ексклузивно во Vip центрите во Скопје ( ГТЦ, Рамстор и Бит пазар), оваа сабота – 27 март, во периодот од 13.00 до 14.00, сите постоечки и нови Vip корисници кои ќе направат било каква активност (ќе купат нов производ, ќе го надополнат својот кредит), ќе добијат бесплатен билет за овој натпревар.

Бидете и Вие дел од ракометната еуфорија – секоја минута од овој час доделуваме бесплатни билети и заедно навиваме за Македонија!

Vip ја започна својата соработка со Ракометната Федерација на Македонија на почетокот на 2008 година и активно ги следи и поддржува активностите за поддршка и промоција на македонскиот ракомет. 

www.macedoniahandball.com

Фотогалерија >> 

.MP4

Jingle 1.mp4
Jingle 2.mp4
Jingle 3.mp4