Во филмот на Повеќе вредност за сите
Vip оператор – официјален партнер на Интернационалниот филмски фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“
Vip оператор е новиот официјален партнер на овогодишното издание на Интернационалниот филмски фестивал на филмска камера Браќа Манаки, којшто по 31-ви пат ќе се одржи во Битола, во периодот 16-22 октомври 2010.
Под мотото “Keep on filming”, официјалните претставници на фестивалот Браќа Манаки и Vip оператор ја најавија својата соработка за овогодишното издание на традиционалниот филмски фестивал на филмска камера Браќа Манаки и ги претставија креативните решенија на Фестивалот. Оваа година за прв пат ќе биде воведена и детска програма на фестивалот, која во текот на фестивалските денови ќе биде вистинското место за анимација на најмладите љубители на филмот.
Програмата за овогодишниот фестивал ќе биде објавена во текот на септември. Проекциите на фимовите ќе се изведуваат во домот на културата во Битола, а сите заинтересирани ќе имаат можност да ги добијат потребните информации на веќе познатите локации во НУ Народен театар Битола како и во Vip центарот во Битола.
Во насока на продолжување на традицијата и промоција на вистинските културни вредности, Vip оператор и Интернационалниот филмски фестивал на филмска камера Браќа Манаки Ве покануваат да бидете и Вие дел од оваа заедничка филмска приказна.
Официјален постер на фестивалот:
Официјален постер на детска програма:






