• Следи нè на:
  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube

Менаџмент

Членовите на менаџмент одборот на Vip operator се:

  • Никола Љушев - Главен извршен директор

  • Марио Цвитковиќ - Главен маркетинг директор

  • Питер Цидек - Главен финансиски директор

Никола Љушев ја започна својата кариера во секторот на електронски комуникации во 1997г. како инженер за комутации, а подоцна и главен инженер за комутации во Македонски телекомуникации АД Скопје. Од јули 2000г. до октомври 2001г. беше Главен координатор и инструктор за Cisco Networking Academy програмата во Македонија. Во 2003г., стана Раководител за поддршка и планирање на продажба во МТком, а непосредно пред неговото заминување од МТком и Македонски телекомуникации АД-Скопје му беше доверена и раководна улога во делот за деловен развој во МТком.

Од декември 2003г., работи во Космофон, најнапред како Менаџер на одделот за инженерство, а од јули 2005г. е на позицијата на Главен технички директор.

Никола беше член на Управниот Одбор на Стопанската Комора МАСИТ, како и претседател на Комитетот за електронски комуникации во рамките на МАСИТ во текот на 2007.

Никола Љушев е роден 1973г. во Охрид. Дипломирал електроника и телекомуникации на универзитетот Св. Кирил и Методиј. Носител е на повеќе индустриски сертификати во областа на вмрежување, телекомуникации и др.

***

Марио Цвитковиќ jа започнал својата кариера работејќи за ОН на Високиот Комесаријат за Бегалци (УНХЦР) во Сараево, како контролор на аеродромот и во Душанбе (Таџикистан) како советник за логистика, а работеше на различни функции и кај Меѓународната кризна група-МКГ, ОБСЕ во Босна и Херцеговина.

Марио исто така го формираше клучниот почетен тим на Vipnet, приклучувајќи им се како Менаџер за логистика и управување. Во 2003 е назначен за Директор на продажба во Vipnet.

Марио е роден во 1970 во Мостар (Босна и Херцеговина). Студираше на Електро факултетот при Универзитетот во Сараево и дипломирал на Високата Техничка школа (нуклеарната енергика ), при Загребскиот универзитет. Одговорен е за маркетинг тимот во Vip operator на позиција Главен маркетинг директор, започнувајќи од Јуни 2007.

***

Питер Цидек ја започна својата кариера работејќи во повеќе банки во Виена и Њујорк. Се придружил на тимот на Телеком Австрија Групацијата во 1998 и бил вклучен во проектот за приватизација на Телеком Австрија, а учествувал и во иницијалната емисија на хартии од вредност на Виенската и Њујоркшката берза на Телеком Австрија.

По приватизацијата на Телеком Австрија, Питер бил на позицијата Шеф на кабинет на Главниот финансиски директор на Телеком Австрија Групацијата, примарно одговорен за финансиските проекти на корпоративно ниво. Во 2005 година, Питер Цидек е назначен за Раководител на одделот за односи со инвеститори, одговорен за односите на компаниите со меѓународните финансиски пазари.

Питер е роден 1974 во Њујорк, САД, а своите последипломски студии ги продолжил во Виенскиот Универзитет за Економија и Бизнис Администрација, специјализирајќи на корпоративни финансии и инвестициско банкарство и менаџмент. Питер исто така поседува и магистерска титула во меѓународен стратегиски менаџмент од Бизнис школата Јоханес Кеплер во соработка со Бостонскиот колеџ. Питер беше назначен за Главен финансиски директор на Вип оператор започнувајќи од јуни 2010.