Vip мобилен портал
Vip мобилен портал, нудејќи на едно место различни информативни и забавни содржини, претставува влезна врата во светот на мобилниот интернет.
Во случај на поврзување преку GPRS/EDGEтехнологијата, преносот на податоци и сурфањето на Vip мобилниот портал е бесплатно!
Доколку го напуштите Вип мобилниот портал, преносот на податоци и сурфањето се наплатува според важечкиот ценовник на одбраниот тарифен модел.
Доколку Вашиот мобилен телефон не е подесен за користење на Vip мобилниот портал, автоматските поставки можете да ги најдете на веб страницата http://podesuvanje.vipoperator.com.mk или пак повикувајќи го Контакт центарот на бројот 1234.
Брзината на пренос на податоци (GPRS/EDGE) може да зависи од повеќе фактори како што се: типот на мобилниот уред, растојанието помеѓу мобилниот уред и мрежната инфраструктура, оптеретеноста на мрежната инфраструктура, расположливоста на каналите и друго. Максималната брзина која што може да се постигне за симнување (download) на податоци е 215 Kbps, а за испраќање (upload) на податоци изнесува 108 Kbps, при врска поголема од 20Db помеѓу мрежните елементи и мобилниот уред. Ако не може да се постигне максималната брзина Vip оператор ќе ја испорача највисоката можна брзина.

Додади во омилени
Vip ВебСМС
