SOS Кредит
Кога немаш кредит, можеш да ја искористиш новата услуга SOS Кредит. Услугата овозможува да примиш кредит од 30 денари на твојата сметка. Сè што треба да направиш е да пратиш SMS со содржина SOS на бројот 144333.
Доколку твоето барање е потврдено, 30 денари SOS Кредит ќе бидат префрлени веднаш на твојата сметка, по што ќе добиеш SMS известување. При следното надополнување од твојата сметка ќе бидат повлечени добиените 30 денари, како и 5 денари за пратената порака.
За да пратиш барање за SOS Кредит, потребно е:
- да имаш направено најмалку 2 надополнувања од почетокот на услугата
- на твојата Vip Припејд сметка да има преостанато најмногу 5 денари
- сите претходни SOS Кредити се подмирени.
Напомена:
- Услугата SOS Кредит може да се користи еднаш меѓу 2 надополнувања.
- Услугата е достапна за сите Vip Припејд корисници.
- Услугата SOS Кредит не е достапна во роаминг






