Во Vip со истиот број
Префрлете се едноставно и бесплатно.
Со префрлување на Вашиот постоен број во Vip, нема потреба да ги известувате Вашите блиски, познаници и соработници за промена на операторот. Станете нов Vip Припејд или Vip Постпејд корисник и користете ги одличните тарифни модели и услуги што Ви ги нуди Vip!
Префрлувањето во Вип е едноставно
Дали знаете дека Вашето префрлување во Vip е многу брзо, лесно и едноставно? Сè што треба да направите е да ги следите овие 3 чекори:
| Дојдете во најблискиот Vip салон и потпишете барање за склучување претплатнички договор со пренесување број во Vip. Vip го испраќа барањето до постојниот оператор и во рок од 1 работен ден постојниот оператор се произнесува по барањето.* | |
| По одобрувањето на барањето**, Vip Ве контактира за да ја подигнете Вашата нова, неактивирана SIM картичка, а доколку сте Постпејд корисник, и за да потпишете претплатнички договор. Пренесувањето на бројот во мрежата на Vip ќе биде реализирано во рок од 2 работни дена, со активација на SIM картичката во периодот од 12:00 до 16:00ч. | |
| Честитки! Вие сте дел од големото Vip семејство и веќе ги користите предностите и привилегиите што Ви ги обезбедува Vip. За административните процедури ќе се погрижи Vip, а Ваше е да ги започнете долгите разговори! |
Префрлувањето во Vip е бесплатно
Vip ќе Ви го надомести трошокот за пренесување на број за секоја Ваша пренесена линија во мрежата на Vip. Станете нов Вип Припејд корисник и трошоците од префрлувањето кон претходниот оператор ќе Ви бидат надоместени по првото извршено надополнување кредит на Вашата сметка, а доколку сте нов Vip Постпејд корисник, тие трошоци ќе Ви се кредитираат на првата фактура.
Дополнителни информации за префрлање на број
За повеќе информации јавете се на 077 1234, нашите оператори се достапни 24 часа, 7 дена во неделата.
* Предуслов за постојниот оператор да Ви го одобри барањето е да ги подмирите сите отворени сметки спрема него.
**Доколку барањето е одбиено, имате можност повторно да ја започнете постапката.






