Дополнителни услуги достапни во роаминг
Роаминг услугата е автоматски вклучена и достапна за секој постпејд корисник. Додека патувате, можете да остварите повици до секоја дестинација, и внатре во земјата каде што престојувате, без да потпишувате договор, без претходна уплата, сметки или внесување специјални кодови за повикување!
Доколку сакате да одберете мрежа по Ваш избор, наместо да бидете автоматски поврзани на некоја од мрежите, можете да влезете во менито на Вашиот телефон и да одберете рачен избор на мрежа. Меѓутоа, кога ја напуштате земјата, повторно ќе треба да ја промените мрежата.
Достапни дополнителни услуги кога сте на роаминг:
· Пренасочување на повик
Пренасочувањето на повик се наплаќа на ист начин како роаминг повиците.
· МMS
Кога ја користите роаминг услугата, можете да пратите и примите МMS пораки.
· Vip секретарка
Vip секретарката се наплаќа по цени кои се наведени во ценовникот за роаминг услуги.
Наплата за користење на Vip секретарка кога користите роаминг
Користењето на Vip секретарката кога користите роаминг (и преслушувањето и примањето на пораки) се наплаќа според роаминг ценовникот.
Можете да ја исклучите оваа услуга преку менито на телефонот – пренасочување на повик – откажување на сите пренасочувања, или со пренасочување на сите повици кон Vip секретарката преку телефонското мени – пренасочете ги сите повици кон говорното сандаче на бројот +38977 1222.
Кога користите роаминг, Вашите примени SMS пораки се бесплатни.
Кога сите дојдовни повици се пренасочени кон Vip секретарката, овие повици се наплаќаат.
Кога се пренасочени повиците поради не-јавување, кога Вашата линија е недостапна или зафатена, а повиците се пренасочени кон Vip секретарката, повикот двојно се наплаќа:
- за дојдовни повици, цената за дојдовни повици на роаминг, зависно од зоната каде моментално се наоѓа корисникот,
- за појдовни повици, пренасочено со Вашиот мобилен телефон до Vip секретарката, по цена на сите појдовни повици кон Македонија.
Забелешка:
- Доколку сакате да пристапите на Вашата Vip секретарка од странство, тогаш можете единствено да го повикате бројот +389 77 1222.






