• Следи нè на:
  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube

Испрати кредит по SMS од Vip Постпејд на Vip Припејд

Изненадете ги Вашите најблиски!

Префрлете кредит во износ од најмалку 100 денари од Вашата Vip Постпејд сметка на кој било Vip Припејд број, со бесплатна SMS порака и без дополнителна активација. 

Многу едноставно - испратете бесплатна SMS порака на бројот 1443 со содржина “DOPOLNI”, додадете ги бројот на Vip Припејд корисникот (07Х ХХХ ХХХ) и износот на кредитот ХХХ што сакате да го префрлите (минимум 100 денари и максимум 300 денари за едно надополнување).
Во содржината на SMS пораката, може да додадете и своја сопствена, лична порака до оној број чијашто сметка ја надополнувате! На пример, за префрлени 300 денари на бројот 077 123 456, SMS пораката треба да изгледа вака: “DOPOLNI 077123456 300 Sreken rodenden!”.

Услови за користење на услугата:
- услугата е достапна за сите Vip Постпејд претплатници на сите тарифните модели освен VPN кои најмалку 4 месеци се во Vip со сите платени сметки;
- со оваа услуга може да се префрли кредит на сите Vip Припејд корисници;
- во текот на еден ден максималниот износ што може да се префрли изнесува 600 денари;
- максималниот износ што може да се префрли во текот на еден месец изнесува 1.800 денари;
- личната порака што се додава во содржината на SMS пораката не треба да биде подолга од 60 карактери.