• Следи нè на:
  • Facebook
  • Twitter
  • YouTube

Како да станете претплатник на Vip Постпејд

Едноставно е да станете Vip Постпејд претплатник. Посетете кој било Vip продажен салон или продавница на нашите партнери заедно со потребната документација. Доколку сте постоечки Vip Припејд корисник, можете да го мигрирате Вашиот број и да станете Vip Постпејд претплатник, при што ќе го задржите префиксот 077, а истовремено ќе ги користите поволностите на постпејд тарифните модели. А доколку сакате да станете Vip Постпејд претплатник од друга мобилна мрежа, информирајте се тука за да дознаете како да го пренесете Вашиот број во Vip и да го задржите Вашиот постоечки број со постоечкиот префикс.

Физички лица (граѓани на Р.Македонија, над 18 години)
- Задолжителни документи
· Документ за лична идентификација - лична карта или пасош
· Дополнителен документ за лична идентификација лична карта, пасош, возачка дозвола или кредитна картичка
· Друго: една платена сметка од последните 2 месеци (од фиксен или мобилен телефон; од струја или парно греење)
· По потреба - дополнителна платена сметка од последните 2 месеци


Физички лица (странски државјани)
- Задолжителни документи
· Документ за лична идентификација - Пасош
· Дополнителен документ за лична идентификација дозвола за престој или лична карта за странец
· Потврда за вработување со потпис и печат од работодавецот, не постара од 15 дена, со потврда за престој во Република Македонија најмалку 12 месеци од датумот на потврдата
или
· Депозит


Правни лица - Задолжителни документи
· Извод од моменталниот статус на Правното лице издадено од Централниот Регистар, не постар од 1 месец
· Документи за идентификација (лична карта или пасош) на сопственикот/правниот застапник на фирмата - оригинал
· Во случај договорот да е потпишан од страна на застапник во име на фирмата - нотарски заверено овластување
· Потписна карта од Банката депонент
· Потврда за платежна способност (солвентност), издадена од банката депонент на фирмата