Работа и кариера

Имате за цел кариера во компанија со заеднички вредности, тимска работа и посветеност која ќе придонесе за унапредување на Групацијата?



Vip е тука да ви обезбеди работна средина каде што квалитетот се почитува и наградува и каде што ќе бидете охрабрени да го развивате вашиот талент и интерес. Наша политика е да ви обезбедиме поддршка и сигурна работна средина, која нуди рамноправни можности за вработување.

Во Vip бараме талентирани луѓе со вистински став за да обезбедиме најдобра солуција за комуникација на нашите корисници.

Континуиран развој
Нашата компанија  се обврзува на континуирано учење и развој за нашите вработени. Тие се срцето на нашиот постојано променлив бизнис, а нашата конкурентност се состои во нивната флексибилност, способност и одговорност кон нашите клиенти.

Бидејќи нашиот бизнис секој ден станува се покомплексен, постојано сме во потрага на нови начини за поддршка, обука и усовршување на нашите луѓе.

Нашата работна средина
Кај Vip ја согледуваме важноста на тоа да се биде поврзан. Напорно работиме на усовршување на односите на Vip со неговите вработени во креирањето на работна средина, каде секој вработен се чуствува дека припаѓа. Им даваме можност на нашите вработени да работат во меѓународна средина.

Контакти за кариера
За општи информации за можностите за вработување во Vip контактирајте не на kariera@vipoperator.com.mk   

contact us print this page
„КАЖИ ДА” за една од 3000-те награди

2010-02-01—Право на учество имаат сите сопственици на Vip припејд картички, а за да добијат награда треба само да одговорат на повикот од Vip оператор. Ова е прва наградна игра од ваков тип во Македонија.

Комплетирана опремата за нега на предвреме родените бебиња

2010-02-01—Стигна новата опрема за Одделот за интензивна нега и терапија во Универзитетската гинеколошко – акушерска клиника во Скопје, донација на Vip оператор, која од денеска и официјално е ставена во функција.